Македонската водителка ја покажа сестра ѝ која НЕ ЖИВЕЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Сами проценете дали си личат
Популарната македонска водителка ја покажа својата сестра.
Елена помина прекрасно попладне заедно со нејзината сестра и внуките, па одлучи да се пофали и на Инстаграм.
Водителката Елена Стефановска сега Најдоски во јавноста е позната како Елена Живот со стил поради истоимената емисија на која работи со години.
Вљубеник е во модата и гламурозниот начин на живот и во секоја пригода е средена од глава до пети.
Токму така е уреден и нејзиниот дом од каде често споделува фотографии на Инстаграм.
Скоро една година е во брак со нејзиниот партнер, бизнисменот Бојан Најдоски и се чини посреќна од било кога.
И двајцата се хедонисти и обожаваат гламур и луксуз, па често може да се видат како уживаат во убава храна и патуваат на интересни места.
Секое слободно време Елена сака да го поминув со семејството и најсаканите.
На својот Инстаграм профил сподели фотографии од преубавото попладне поминато со нејзината сестра Маја.
Елена и Маја не личат многу физички, но се многу блиски и приврзани.
Маја со своето семејство живее во Хрватска, каде Елена понекогаш знае да оди на посета.
Овој пат Маја е дојдена во Македонија заедно со своите две ќерки, па сите заедно заминаа на ручек.
Елена често во своите интервјуа истакнува дека ги обожава своите две внуки, а времето поминато со нив за неа е скапоцено.
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски