Македонската водителка ги РАСТАЖИ ФАНОВИТЕ со ОВАА ВЕСТ: „„Денеска беше моето последно појавување“
Македонската водителка се збогуваше со колегите, па напиша емотивна порака.
Титулата најдобра презентерка во Македонија, оправдано ја носи долги години, но Билјана Дебарлиева сега одлучи повеќе да се посвети на приватниот живот.
Една е од ретките со правилен изговор и дикција, а помладите нејзини колешки може само да учат од неа.
Неодамна на својот Фејсбук профил напиша дека си заминува од својата матична куќа, но не најави нови проекти на кои ќе работи.
Се чини дека Дебарлиева ќе се посвети на своето семејство и приватниот живот.
„Денеска беше моето последно појавување на фрекфенцијата на Канал 5 ТВ, медиум кој ми ја даде довербата во изминативе 11 години. Ви благодарам за досегашната соработка, а благодарност и до Вас драги колеги за сите убави зборови, насмевки, шеги и уживањето во утринскиот ритуал на пиење кафе. До нешто следно… ќе ми фалите”, напиша таа на Фејсбук.
Иако ја гази петтата деценија од животот, Билјана изгледа подобро од било кога.
Водителката буквално блеска, а се чини таа енергија ја црпи од најсаканите и максималното уживање во животот.
Својата кариера секогаш ја градела врз основа на квалитет и никогаш се нема појавено во жолтите медиуми, ниту пак не сакала шпекулсции во врска со неа.
Билјана е повеќе од 25 години во брак со сопругот Јован Дебарлиев, а плод на нивната љубов се нивните две деца, ќерката Ана и синот Мики.
Се запознале во Охрид, родниот крај на Билјана, за време на летен одмор.
Билјана и Јован важат за складен пар, а тие се вистински пример како се негува љубовта и после долги години брак.
Според неа формула за успешен брак е толеранцијата и довербата.
Билјана и Јован го користат секој момент да го поминат заедно. Често патуваат и ги посетуваaт убавините во Македонија, а фотографии од нивните патувања не пропуштаат да споделат на социјалните мрежи.
Месец октомври е важен месец за овој пар.
Имено, месецов тие прославија дури 28 години во брак.
Мир, спокој, љубов и хармонија владеат во нивниот дом.
Годишнината од брак парот одлучи да ја прослави во ресторан во Охрид каде всушност и се запознале.
Зборови не се потребни, Билјана и Јован изгледаат вљубено како првиот ден.
Погледнете:
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева