Македонската водителка брутално за својата биолошка мајка: „Не ја доживувам како мајка“
Познатата македонска водителка проговори за својата биолошка мајка.
Цеце искрено и отворено раскажа детали за односот со жената што ја родила.
Водителката Цеце Николова руши предрасуди и табуа со својата приказна.
ФОТО: Инстаграм / Цеце Николова
Таа од раѓање се бори со алопеција, па на почетокот на својата кариера на екраните се појавуваше со перика.
Денес Цеце е горда млада девојка, полна со самодоверба, која искрено зборува за својата болест во јавност, а воедно со својот пример ги охрабрува сите кои се соочуваат со истиот проблем.
ФОТО: Инстаграм / Цеце Николова
Освен тоа успешна е и како водителка и е вистински пример за сите млади девојки.
Секогаш искрено зборува за својот приватен живот.
Цеце е инаку девоја која пораснала во СОС Детското дело.
ФОТО: Инстаграм / Цеце Николова
Имала само 6 години кога почнала да живее во СОС Детското село, конкретно во ку’ата „Буба мара“.
Таа била првото дете во таа куќа, каде ја пречекала нејзината СОС мајка Наташа.
ФОТО: Инстаграм / Цеце Николова
Иако многупати зборувала за СОС мајката Наташа, во емисијата G carpet проговори и за односот со жената што ја родила.
„Искрено ќе ти кажам дека најбрутална сум со својата биолошка мајка. Јас ја знам неа цел живот, само кога живеев во СОС Детското село не доаѓаше на посета, ние велевме нели да дојде да види кај е ќерка ѝ. Зошто и како она најдобро си знае. Само некако ете откако се вработив во Канал 5 стварно многу сака да биде дел од мојот живот. Не живее во Скопје, во друг град живее и пред неколку дена ме покани да ме однесела во ресторан. Јас ѝ велам: „Сакаш да те видат со мене, јас не сакам да ме видат со тебе“, раскажа Цеце.
ФОТО: Инстаграм / Цеце Николова
На прашањето дали чувствува желба да се гледа со неа таа одговори:
„Воопшто. Човек кој што ме оставил на 2 години, жена која што ме родила, без разлика мајка, вие имате претпоставувам различно чувство за мајка, јас не ја доживувам така“.