Македонската Брижит Бардо и во шестата деценија има неверојатно тело – без целулит, во топ форма
Поранешната водителка им одржа лекција по с*ксапил на своите помлади колешки
Познатата актерка сподели фотографија во бикини и предизвика лавина од реакции кај бројните обожаватели од регионот.
Мелита Ракичевиќ веќе со децении го носи епитетот секс-симбол и покрај тоа што некои „душегрижници“ не се согласуваат со тоа (читај во превод „дежурни хејтери“), но оваа дама со своето последно издание покажа дека оваа титула оправдано ја носи.
Имено, поранешната водителка позираше во бикини и покажа дека и во шестата деценија има тело од кое на многумина им застанува здивот. Таа оваа година треба да го прослави својот 52 роденден, но од нејзините фотографии никој никогаш не би погодил колку години има.
Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Коментарите под секоја нејзина објава секогаш се нижат, посебно кога ќе го покаже својот тен на еден ваков начин.
Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Мелита испружена на лежалка сочно јаде лубеница, покажувајќи дека знае како да ужива во животот, но дека годините за неа се само број.
Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Таа потоа покажа и како го минува времето со својата наследничка Барбара, која целата е на мама и важи за вистинска убавица.
Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Но кога тие се заедно повеќе личат на другарки отколку на мајка и ќерка, а на овие изданија многумина можат само да им завидуваат.
Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Секако ова не е прв пат тие ова лето да позираат во костими за капење, а некои од најубавите фотки погледнете во продолжение…