Македонката ја запали сцената во „Ѕвездите на Гранд“, но Поповиќ одлучи дека НЕ е за во полуфиналето
Беше напнато до самиот крај
Натпреварувачката од Македонија, Милица Трајков, и покрај својот генијален настап во четвртфиналето, таа сепак на крај не успеа да се пласира во полуфиналето од популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, така пто ова беше нејзиниот последен настап.
Милица која е од тимот на Александар Милиќ Мили настапи со Белорусинката Ксенија Тану од тимот на Марија Шерифовиќ која од жирито доби еден глас повеќе, но и двете немаа доволно гласови директно да поминат.
Тие и двете имаа неверојатно перформанси и ја запалија сцената, а дуелот заврши со предност на Белорусинката која освои пет гласови, додека девојката од Македонија освои еден глас помалку.
„Тие двете се класичен пример како се пее поп и рок. Мала разлика што повеќе ми се допаѓа Ксенија е бојата на гласот“.
„Иако Милица во височините ги имаше тие стругања, на неа гласот не и пукаше, а можеби тоа е и манир“.
„Според тоа тие беа за шест гласови. Можам да кажам со чиста совест и чист образ“, заклучи Драган Стојковиќ Босанац кој овој пат гласаше и за двете кандидатки, што ретко се случува.
Но за жал останатите не мислеа како него, така што и двете девојки завршија во бараж, од каде, за жал, во следниот круг од шоуто се кандидираше само натпреварувачката од Белорусија.
Како тие звучеа, слушнете во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Милица Трајков
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд