Македонката повторно направи xаoc во Ѕвездите на Гранд – Карлеуша шoкиpaна од нејзиниот настап, Мили скокаше од среќа
Многумина нестрпливо го чекаа настапот на Марија Груевска
Пејачката со секој свој настап во „Ѕвездите на Гранд“ предизвикува внимание како кај публиката, така и кај жирито.
Впрочем така беше и овој пат кога битолчанката повторно направи хаoc на грандиозната сцена и ги воодушеви сите.
Таа со причина ја носи титулата најекстравагантната натпреварувачка што некогаш се појавила во ова шоу.
Со своите смели комбинации и до детаљ осмислени настапи пејачката едноставно не престанува да ги изненадува сите.
Таа последен пат ги шoкиpaше сите кога се појави со змијата, но оваа сабота повторно ги надмина сите очекувања.
Марија на сцената беше донесена од две момчиња, додека рацете и беа врзани околу количката со која што ја изнесоа на сцената.
Во прашање е сценографија која потсетува на филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“ и Ханибал Лектор, кој и беше и инспирација за песната „Денес сум луда“.
„Груевска, начинот на кој размислуваш е фантастичен. Да се сетиш на Ханибал лектор и да го споиш со ‘Денес сум луда’ навистина е нешто неверојатно. Твоите пејачки интервали се толку точни, го одработи ова одлично“ коментираше Ѓорѓе Давид, додека менторот на Марија, Мили, додаде дека секогаш носи нешто ново на сцената.
„Ти си иднината на Ѕвездите на Гранд, ти благодарам на новата димензија во ова шоу“ додаде Мили, додека Вики коментираше дека настапот воопшто не и се допаднал, и дека ја болел желудникот додека ја гледала.
„Сите зборуваат за тебе затоа што го препознаа концептот. Треба да ги негуваме ваквите луѓе“, изјави Карлеуша.
Слично мислење имаше и Босанац кој смета дека настапите на Марија од првиот момент се фасцинантни.
„Тоа како ти пееш, како ги изведуваш фразите, како владееш со дијафрагмата и движењата, и тоа со врзани раце, тоа е вон конкуренција во овој натпревар“, коментираше Босанац по нејзиниот генијален настап во шоуто.
Tалентираната битолчанка кога излезе на сцената најпрво ја испеа песната „Денес сум луда“ од Јосипа Лисац, а потоа се пресоблече и ја запеа „Мито Бекријо“.
Таа доби 6 гласови како и натпреварувачката со која што беше во дуел, а потоа прегласувањето беше три спрема три.
И бидејќи беше изедначено со Сања Бобан, Саша Поповиќ одлучи Марија да оди директно во полуфиналето.
Инаку, Марија во музичкото шоу заедно со својот тим се обидува да ја претстави жената во секое светло.
Груевска во шоуто најпрво беше вдовица, па танчарка, потоа светица и кралица, па калуѓерка и жена грешничка, а сега и во улога на Ханибал Лектор.
Како што самата изјави во една пригода, целта е да прикаже дека жената, каква и да е, заслужува милост и љубов, но и да испрати апел против насилството над жените и дека односот кон нив треба да се промени.
„Жената се уште ја третираат како да е помалку вредна од мажите, а во суштина секоја жена сака и би требало да биде сакана“, изјави Груевска.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска