Македонката направи лом во Ѕвездите на Гранд – Цеца пресреќна што ќе ја има оваа убавица во тимот
Нејзините најдобри пет минути на оваа сцена
Пејачката настапи со една од најубавите македонски песни
Македонската пејачка Адријана Петрушовска повторно се појави на сцената во „Ѕвездите на Гранд“ и го украде шоуто.
Пејачката овој пат се претстави со песните „Ако згрешам нека изгорам“ и „Животе мој“ и потполно ги освои како публиката така и жирито.
Облечена во розов комплет составен од широки панталони и сако Андријана изгледаше мошне атрактивно на сцената, а песните ги изведе полна со емоции и својот неверојатен глас така што предизвикувачката Бета Судар од Хрватска немаше шанси со неа.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Марија Шерифовиќ беше воодушевена од Андријана и според неа ова беше нејзиниот најдобар настап досега во шоуто.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Андријана беше перфектна и за Босанац, а Вики и Мили се согласија дека Македонката се врати и го украде шоуто.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
И Снежана Ѓуришиќ и Ана Бекута исто така беа презадоволни од Петрушовска и истакнаа дека ова е нејзино време, а посебно горд беше нејзиниот ментор од претходната сезона Ѓорѓе Давид.
„Ова беше тоа што треба да биде. Јас сум ужасно горд на теме и ти си во вистинските раце“, изјави тој.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
На крај Андријана доби пофални зборови и од Цеца која ќе биде нејзината нова менторка и која е пресреќна што ќе соработуваат.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, Андријана и претходниот пат кога настапуваше во „Ѕвездите на Гранд“ успеа да постигне значителен резултат.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Таа тогаш стигна до самото финале, а за еден од нејзините настапи во самото финале се уште се зборува.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Станува збор за провокативниот црвен фустан што пејачката го носеше тога и кој имаше толку длабок шлиц што сите беа изненадени.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
А како Андријана изгледаше на грандиозната сцена тогаш, кога со својот женствен стил го украде шоуто, погледнете во продолжение…