Македонката која се капе во студени води ги шокираше фановите: Лав легнат до неа, а таа го гали
Познатата Македонка која ги практикува методите на Вим Хоф повторно ги шокираше своите следбеници.
Бети објави фотографии од нејината блиска средба со лавови во Африка.
Бети Котовчевска, која по потекло е од Ресен практикува капење во студени води по примерот на Ви Хоф, а нејзин личен рекорд е капење во студена вода на -33 степени Целзиусови, во Лапонија.
ФОТО: Инстаграм / Бетика Котовчевска
Бети е вљубеник во природата и обожава да истражува недопрени убавини, особено во нашата земја.
Таа вели дека Македонија изобилува со езера и водопади во кои може да се практикува капење во студена вода.
ФОТО: Инстаграм / Бетика Котовчевска
Активна е на социјалните мрежи, каде споделува моменти од нејзиното секојдневие и е вистинска инспирација за сите кои сакаат да започнат со оваа практика.
Летово Бети беше на патување во топлата Африка, па сега ги изненади своите следбеници со фотографии од нејзината средба со лавовите.
ФОТО: Инстаграм / Бетика Котовчевска
ФОТО: Инстаграм / Бетика Котовчевска
На ова патување тргнала токму за да го исполни својот сон од детството – да види лавови. Но, не лавови во атворени во кафези во зоолошка, туку оние кои живеат во дивина и се слободни.
На една од фотографиите таа позира покрај лав кој лежи до неа, а таа го гали. На нејзината среќа ѝ нема крај!
ФОТО: Инстаграм / Бетика Котовчевска
ФОТО: Инстаграм / Бетика Котовчевска
ФОТО: Инстаграм / Бетика Котовчевска
ФОТО: Инстаграм / Бетика Котовчевска
ФОТО: Инстаграм / Бетика Котовчевска
ФОТО: Инстаграм / Бетика Котовчевска