Реклама
Наши ѕвезди

Македонка направи хаос во Гранд, вакво нешто се нема случено во ПОПУЛАРНОТО музичко шоу – освои осум гласови!

Реклама

Имаше симпатичната поддршка во бекстејџот…

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

22 годишната Ангела Котуровиќ од Струмица ги воодушеви сите со својот настап во „Ѕвездите на Гранд“…

Таа настапи со песна од Калиопи, додека за тоа време во бекстејџот ја бодреа нејзиниот син и сопруг. Но заради гласната музика и непознатото опкружување бебето во еден момент почна да вреска, додека водителот Војо Недељковиќ се обидуваше да го смири заедно со сопругот на Ангела.

„Не плачи, мама освои четири гласови“, се обидуваше водителот да го смири бебето, но безуспешно.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Ќе бидеш добро кукло. Нема ништо лошо да и кажат“, му кажа тој.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

За тоа време Ангела настапи и со втората песна и ги освои сите осум гласови од стручниот тим во популарното шоу.

„Дали плачеш од среќа? Види каква трема имаш, осум гласови. Дали и тато плаче малку од среќа? Него и можам да го држам ако плаче, но тебе не можам“, вели водителот на сопругот на пејачката и ги насмеа сите.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

И бидејќи бебето не престануваше да плаче, Ѓорѓе Давид порача да забрзаат и Ангела веднаш да го избере менторот.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таа ја избра Марија Шерифовиќ која и порача дека има потенцијал и дека ќе работат заедно за следните настапи.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Инаку, покрај Ангела, во следниот круг помина и Македонецот Даниел Тренчовски кој живее во Париз..

Тој за својот настап избра рокерски песни „Лажеш злато, лажеш душо“ и „Дигни руку“ со кои успеа да освои пет гласови, со што имаше право да избира ментор. Но бидејќи од рокерот Ѓорѓе Давид доби паник тастер, Саша Поповиќ, го замоли да го објасни својот став:

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Тенко и згрчено. Огромен проблем со фразите и дишењето. Немаш глас за првата песна, во другата се покажаа сите фалинки на твоето дишење на долгите тонови Ти не можеш да го пееш овој репертоар. Сакам само да кажам дека и девојката Лаура е исто така од Париз, која беше тука минатата година, не лути се, но беше за една класа подобра од тебе. А жирито на неа и наоѓаше мани“, изјави Ѓорѓе објаснувајќи зошто го стиснал копчето за паника.

Интересно беше и тоа што на младиот пејач му даде глас Босанецот, така што тој го избра токму него за ментор.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Имам проблем со дикција и дишењето, и мислам дека тука најмногу може да ми помогне од сите“, изјави Даниел, а Босанец го прифати.

Поздрав за мојот Париз, единствениот град каде би живеел освен во Белград е токму Париз. Знаеш ли ти уште нешто да пееш освен ова, ако знаеш ќе те земам. Точно дека имам многу кандидати, но те зимам, изјави тој.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Браво Боске, мајсторе. Знаеш ли каква ќе биде гледаноста во вториот круг кога ти него ќе го подготвиш?

„Знам, затоа и го земав. Кажавме дикција и тоа ќе биде исправено. Ќе ти најдеме некоја девојка од Белград па убаво да се изнадишеш. Имам само едно прашање, дали ти е доаѓаш во Белград на проби или јас во Париз“, се пошегува Босанац.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button