Реклама
Наши ѕвезди

Македонка во морско издание со кое без проблем ќе го сокриете вишокот на стомакот и ќе блеснете (фото)

Наташа остава без здив со својот природен шарм

Реклама

На сите ни е познато колку пејачката Наташа Малинкова ужива во својата работа и колку ѝ е посветена на музиката.

Но по бројните настапи дојдоа и нејзините пет минути, малку да се одмори, а потоа повторно им се враќа на обврските.

Но таа и кога е на својот заслужен одмор не заборава на публиката, со која често комуницира преку социјалните мрежи.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Наташа Малинкова

Наташа замина на одмор со семејството, но редовно се огласува на Инстаграм и на овој начин им испраќа морски поздрави на фановите.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Наташа Малинкова

Од фотографиите што ги објавува можеме да забележиме дека пејачката покрај прекрасното летување, ужива и во своја кожа.

Фото: Инстаграм/ Наташа Малинкова

Имено, оваа мајка на две ќерки позираше во своите омилени костими за капење и ги воодушеви сите со својот изглед.

Фото: Инстаграм/ Наташа Малинкова

Таа е позната по својот раскошен глас, но и по тоа дека е природна убавица која ужива во својата улога на мајка.

„Можеби не сум совршена, но затоа имам совршен живот“, напиша Наташа под една од овие свои морски фотографии.

Фото: Инстаграм/ Наташа Малинкова

Покрај рамниот стомак и линија на која многу дами можат да и завидуваат, пејачката ги воодушеви сите и со уште еден детаљ.

Имено, таа на плажа носеше и кошула, која беше малку поголема, но токму во тоа е и тајната за ваквиот беспрекорен изглед.

Фото: Инстаграм/ Наташа Малинкова

Кошулите се совршен женски реквизит на плажа, кои покрај тоа што ве штитат од сонцето, можат и да го „подигнат“ вашиот стил, но и се крајно практични ако имате потреба да маскирате некој дел од телото.

Кошулата можете да ја носите врзана, така што ќе ги истакнете нозете и задникот, а стомакот останува делумно сокриен.

Фото: Инстаграм/ Наташа Малинкова

Но можете да ја носите и во вакво опуштено издание, како Наташа, која во комбинација со црните бикини, изгледаше неодоливо.

Фото: Инстаграм/ Наташа Малинкова

Фото: Инстаграм/ Наташа Малинкова

Фото: Инстаграм/ Наташа Малинкова

Фото: Инстаграм/ Наташа Малинкова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button