Цела земја тагува, нѐ напушти уште едно големо музичко име.
Ненадејно, на 61. година, згасна животот на врвниот инструменталист и композитор, првенецот на „Танец“ и долгогодишен раководител на оркестарот, Милан Завков.
„Почитувани, со голема тага и во неверување ви ја пренесуваме жалната вест дека ненадејно, во 61-та година од животот, почина врвниот инструменталист и композитор, првенецот на „Танец“ и долгогодишен раководител на оркестарот, Милан Завков, објави утрово Националната установа – ансамбл за народни игри и песни „Танец“ – Скопје на својот официјален Фејсбук профил.
Завков хармоника започнал да свири кога имал 8 години. Првиот обид го имал на 14 години, кога бил дел од оркестарот на Ѓорѓи Димчевски во ансамблот „Млад Танец“.
Во раните години, Завков свирел во КУД „Мирче Ацев“. Во времето кога се запишал на студии, немало отсек за хармоника. Така, тој дипломирал на музичката академија во Скопје, а главен инструмент му бил контрабас. Со октетот „Македонија“ ја снимил својата прва плоча, во 1970 година со четири ора.
Работел заедно со саксофонистот Ферус Мустафов, и бил долгогодишен член на групата „Македонски мерак“, а подоцна и на дел од ансамблот „Танец“ како симбол на македонскиот традиционален фолклор. Автор е на голем број песни, изведувани од страна на Виолета Томовска, Гоце Арнаудов, Ефто Пупиновски, Благица Павловска, Анета Мицевска, Ленче Кукиќ и Горан Кукиќ.
Завков ќе биде запомнат како еден од најдобрите виртуози на хармоника.
Неговите колеги во неверување и солзи, почнаа да се збогуваат од маестро Завков и на социјалните мрежи.
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук