Македонец со потекло од Австрија е НОВИОТ МИЛЕНИК на Цеца – фолкерката го обожава ова згодно младо момче од Грац
Младиот Македонец од Грац, Дарко Ѓорѓески, го покажа својот талент и во овој круг од „Ѕвездите на Гранд“.
Неговата менторка Цеца Ражнатовиќ и овој пат беше горда на него, а како што самата изјави во една од претходните емисии, тој е нејзината тинејџ ѕвезда, само што мора да се посериозно да се работи со него…
Дарко, кој е во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, настапи со песната „Лапсус“ од Саша Ковачевиќ, а потоа и со „Принцеза“ од Селхан Алија.
Тој со својата изведба ги развесели сите во студиото и освои пет гласови, кои беа доволни да се пласира во следниот круг.
Инаку, Дарко живее во Австрија и важи за еден од омилените кандидати на жирито во оваа сезона.
Неговата менторка Цеца и овој пат беше горда на него, а како што самата изјави во една од претходните емисии, тој е нејзината тинејџ ѕвезда, само што мора да се посериозно да се работи со него.
„Македонче мое, дај ми ја таа енергија“, му порача тогаш популарната фолк пејачка на својот миленик од Македонија.
Инаку, покрај Дарко во последната емисија од Македонија настапи и Филип Ангов кој е во тимот на Марија Шерифовиќ.
Тој освои три гласови со кои што заврши во баражот, но од таму не успеа да се пласира за следниот круг.
Инаку, Ѓорѓески има 23 години и живее во Австрија и досега никогаш не пеел на сцена и не се натпреварувал.
Но тој уште со својот прв настап ги освои симпатиите на сите, а посебно од него беа воодушевени Ѓорѓе Давид и Цеца.
Тој е поприлично активен и на социјалните мрежи, а некои негови фотографии погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески