Македонец против Македонец во „Ѕвездите на Гранд“ – Секуловски изгуби, направија хаос во шоуто
Македонците растурија во последната емисија
Неверојатен дуел
Мики Секуловски и Омар Џаферовски, и двајцата од Македонија, настапија во дуел во популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Нивните настапи ги кренаа сите на нозе, а бидејќи резултатот беше изедначен на крајот следуваше акапела пеење.
Овој пат триумфираше Омар и ова беше прв пат Мики да изгуби од некого во дуел и тоа од пејач од Македонија.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Мислам дека ова е прв пат да имаме дуел Македонец против Македонец“, изјави Саша Поповиќ откако Омар триумфираше.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Мики беше добар, но Омар го надмина“, заклучи Марија Шерифовиќ која прва го коментираше нивниот настап.
Драган Стојковиќ Босанац ги образложи своите гласови, истакнувајќи дека Мики е најдобриот пејач на забавна музика во овој натпревар, но во шега изјави и дека неговиот колега Омар пее како да е од Босна.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Потоа свој коментар даде и Александар Милиќ Мили кој го посоветува Секуловски следниот пат да избере некоја песна од Здравко Чолиќ, а потоа му порача и дека е еден од најдобрите пејачи што ги сретнал тука.
„Зошто овие двајца не пеат фолклорна музика па да се збогатиме сите тука“, додаде во шега Мили за двајцата Македонци.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Вики Миљковиќ пак, истакна дека не е навикната Мики да оди во бараж и дека тој е еден од фаворитите во натпреварот.
Ти си тешка артилерија, ти фалеше малку поатрактивен програм вечерва, изјави Вики по што се огласија и менторите.
На крајот од емисијата Саша Поповиќ повторно беше на тешки маки бидејќи мораше од неколку фантастични кандидати да избере само неколкумина како најдобри.
Меѓу нив секако беше и Мики Секуловски кој заедно со уште шест свои колеги од шоуто успеа од бараж да се пласира за во следниот круг.