Македонец победи во „Никогаш не е доцна“ – повторно благодарение на гласовите на нашите гледачи
Големо браво за победникот, но и за сите што гласаа за него
Повторно Македонец меѓу победниците
Заврши големото финале од деветтата сезона на „Никогаш не е доцна“ каде 12 ветерани се бореа за ласкава победа.
Според гласовите од Фејсбук победата ја однесе Селма Чавкиќ, а Сашо Башески од Прилеп победи во категоријата СМС гласање.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна, Гранд.онлајн
Победник од стручното жири е Ружица Чавиќ Томиќевиќ.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна, Гранд.онлајн
Кој е Сашо Башески, победникот во шоуто
Наградата во финалето му ја додели Калиопи која му се обрати на македонски јазик и му честиташе на маестралните настапи во шоуто.
„Прилеп ќе биде горд, како и сите Македонци. Ти благодарам“, му кажа Калиопи, а победникот им се заблагодари на сите.
Инаку, Сашо Башески има 54 години и отсекогаш сакал да стане пеач, а желбата му се остварила пред тринаесет години кога се фатил за микрофонот и заедно со својот брат Дејан започнале да настапуваат како „Дуо Башески“. Тој иако никогаш не продолжил професионално во музичките води, бидејќи, како што вели, го привлекувала музиката, а не естрадата, денес е еден од милениците на публиката, и тоа не само во Македонија, туку и во регионот.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна, Гранд.онлајн
Потсетуваме, Сашо потполно заслужено се најде во финалето на ова популарно шоу за ветерани. Тој со секој свој настап ги воодушевуваше сите, но малкумина знаат дека зад неговата насмевка се крие голема болка, односно дека пејачот неодамна во семејството имаше трагедија.
Како што самиот откри во една од претходните емисии, неговата мајка имала мозочен удар по еден од неговите настапи.
Но сега мајка му е подобро, а најголема радост му е што успеал да ја донесе мајка му Павлина во еден од претходните кругови и да го гледа во живо, пред да и се влоши здравствената состојба.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна, Гранд.онлајн
„Мама беше во една од претходните емисии и некое време потоа доживеа мозочен удар. Беше многу тешка ситуацијата и мислев дека ќе се повлечам од натпреварот, како и од фестивалот во Прилеп каде треба да настапам, но таа беше сé подобро и подобро. Сега е веќе сосема добро и тоа ми даде поттик и сила да продолжам понатаму“, изјави Сашо непосредно пред финалето на Гранд.
Повеќе за победникот прочитајте тука...