Од сите Хороскопски знаци, овие три се истакнуваат како најголеми нарциси кои што обично не можат да сакаат некој повеќе од себе.
Еве ги знаците:
Овен
Овните обично себе се сметаат за најпаметни, најпосебни и генерално подобри од останатите во сè. Затоа баш и не се омилени во друштвото и обично имаат малку блиски пријатели, а нивната изразена нарцисоидност ги спречува во пронаоѓање на љубов.
Вага
Луѓето родени во овој знак обично сакаат убави работи и убави луѓе, а и самите се трудат да бидат најдобрата верзија од себе. Уживаат во пофалби и комплименти за другите, бидејќи обожуваат да бидат во центарот на вниманието, а кога не се, се трудат да бидат. Во состојба се да се фалат и самите себеси и често наметуваат разговот за своите постигнувања.
Лав
Лавовите јавно и многу искрено се восхитуваат самите на себе, бидејќи навистина веруваат дека се подобри од другите во сè. Но, иако за себе сакаат да мислат дека се омилени во друштвото, вистината најчесто е спротивна, бидејќи ретки се оние кои можат да ја поднесат нивната енергија.