На многумина им е повкусен и од ајварот.
Колку и да се вкусни рецептите споделени на интернет, на крајот сепак им се враќаме на рецептите на нашите баби.
Тoa се вкусови кои потсетуваат на детството и на кои сите сме навикнати.
ФОТО: Принтскрин / You Tube
За да се направи добар пинџур не е воопшто тешко.
Потребно е само да се набави квалитетен зеленчук, малку време и трпение.
Состојки:
2 килограми пиперки
5 лути пиперки (или повеќе, зависи колку лутина сакате да има пинџурот)
1 килограм домати
500 грама модар домат
4 поголеми главици кромид
4-5 поголеми чешниња лук
200 милилитри масло
4 лажици оцет
сол и бибер по вкус
ФОТО: Принтскрин / You Tube
Подготовка:
1. Измијте ги и исчистете ги пиперките, модрите домати, црвените домати и лутите пиперки.
Пиперките обично се печат или пржат додека не омекнат, а доматите и модрите патлиџани се обаруваат, а потоа им се вади кората и се сечкаат на ситни парчиња.
2. На средна температура загрејте го маслото во длабока тава.
3. Додадете го ситно сечканите кромид и лук и пржете додека не станат проѕирни.
Во тавата со кромидот додадете ги сечканите пиперки, лутите пиперки, доматите и модрите домати.
4. Измешајте ги сите состојки и пржете ги на тивок оган додека зеленчукот не се свари и омекне, обично околу 30-40 минути.
ФОТО: Принтскрин / You Tube
5. Кога зеленчукот ќе се свари, додадете оцет, сол и бибер по вкус. Промешајте и варете уште неколку минути.
6. Префрлете го пинџурот во стерилизирани тегли додека е уште топол.
Затворете ги теглите и оставете ги да се изладат на собна температура.
ФОТО: Принтскрин / You Tube
На здравје!
Целата постапка погледнете ја на видеото во продолжение:
https://www.youtube.com/watch?v=UNpk2xhDPtk&t=12s&ab_channel=Mismutfak