Луна го изгуби плодот во 12-тата недела и ги соопшти сите детали од овој немил настан…
„Што и да и се случи на мајката тоа влијае и на плодот, бев лошо, не знаев дека сум бремена кога бев во Америка“.
Поранешната ријалити победничка Луна Џогани го изгуби бебето, а тажната вест ја соопшти на социјалните мрежи.
Таа и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ веста ја споделија на нивниот Јутјуб канал и ги изнесоа деталите.
„Сé и сешто направивме во 2021 година, но 2022 дојде да ни противречи, да ни каже дека ништо не е идеално“, изјави Миљковиќ.
„Ја изгубивме оваа бременост по 12-тата недела. Дознавме неколку дена порано, не сакавме веднаш да зборуваме, малку да помине. Така требаше да биде, некој вирус помина низ мене, така ми кажа докторката, плодот беше многу мал, знаат жените што имаат поминато низ тоа“, вели Луна во своето обраќање.
„Што и да и се случи на мајката тоа влијае и на плодот, бев лошо, не знаев дека сум бремена кога бев во Америка“.
„Срцето престана да чука, фала му на Господ, добро е што беше рано, додека се уште не беше оформено“, вели таа.
„Можеби требаше да молчиме. Кога Бог повторно ќе не погледне, следниот пат ќе објавиме но дури кога ќе бидеме сигурни дека се е во ред“, се надоврза нејзиниот сопруг кој исто така беше видно потресен.
Инаку, само еден ден претходно медиумите пишуваа дека инфлуенсерката веќе се подготвува за приновата. По првата бременост со ќерката Миа, Луна овој пат сакаше да се погрижи буквално за сé, но за жал се случи она што најмалку го очекуваше, како таа така и нејзиниот сопруг.
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани