Анастасија Ражнатовиќ со сите сили се труди да ги подобри односите со семејството на нејзниот сопруг, посебно со свекрвата Оливера. Сега односите се топли и хармонични.
Оливера никогаш не била против снаата, само сакала сите да ги почитуваат правилата на семејството, а тоа се заедништво, блискост и посветеност на религијата.
Анастасија тоа го сфати и дури е забележана на литургија заедно со свекрвата, а повремено објавува и религиозни содржини на својот Инстаграм.
Немања Гудељ се соочува со проблеми само три месеци по повредата на коленото која резултираше со операција и долго закрепнување.
Српскиот фудбалер сега го повреди коленото на десната нога во триумфот на неговата Севиља над Мајорка (2:1) во понеделникот вечерта.
Гудељ (32) мораше да ја напушти играта во 81. минута, а Севиља излезе со официјално соопштение.
– Медицинската служба на ФК Севиља соопштува дека, по соодветни лекарски прегледи, констатирано е дека Немања Гудељ се здобил со повреда на задниот рог на внатрешниот менискус на десното колено на синоќешниот натпревар против Мајорка.
Ова е другото колено не е тоа што беше оперирано на почетокот на годината.
Конечната прогноза ќе зависи од типот на интервенција на која ќе се подложи Гудељ – се наведува во соопштението на клубот.
Севиља не соопшти колку е сега паузата на Гудељ и дали има шанси српскиот претставник да биде подготвен за Европското првенство во Германија кое ќе се игра од 14 јуни до 14 јули.
Исто како и на почетокот на годината, Анастасија со сите сили го поддржува сопругот и во најтешките денови, а веруваме дека целата ситуација прилично ја вознемири.