Реклама
Вирално

Лоши вести од Италија: Епидемијата се врати на голема врата, се повторуваат проблемите кои почнаа во март

Реклама

Една од најпогодените од коронавирусот, Италија во последните 24 часа пријаваи 947 нови случаи на коронавирус, најмногу во последните три месеци.

Министерството за здравство соопшти дека се регистрирани девет сmртни случаи од последиците на ковид-19 во претходните 24 часа, па вкупниот број на жртви од короната се искачи на 35.427.

Маркетинг

Во Италија од почетокот на епидемијата, се заразени 257.065 лица.

Според министерството за здравство, Италија моментално има 16.678 активни случаи на коронавирус, вклучувајќи и 69 лица на интензивно лекување, 919 на други болнички одделенија и 15.690 во домашна изолација.

Маркетинг

Италија беше прва земја на западот која е подгодена од пандемиајта, но по тешкаа здравствена криза во март и април, со недели пријавуваше помал број на заразени од другите европски земји.

Власта во Италија заради зголемениот број на случаи со корона вирус во соседна Србија, Косово и Црна Гора ги ставија на листата на ризични земји, пишува Агенцијата Анадолија.

Министерот за здравство на Италија, Роберто Сперенза, на својот Фејсбук профил објави порака во која наведува дека ја потпишал одлуката која споменатите земји од Западен Балкан ги става на листата ризични земји.

„Се забранува влегување и транзит низ Италија за лица кои во изминатите 14 дена престојувале во Србја, Црна Гора или на Косово. Пандемијата е во критична фаза. Мораме максимално да се потрудиме за да го зачуваме нивното што сме го достигнале во борбата со коронавирусот“, се наведува во објавата на Сперенза на Фејсбук.

Со оваа одлука бројот на земји на кои Италија им забрани влез порасна на 16. Министерството за здравје на 9 јули соопшти дека се затворени границите за патници кои доаѓаат од Македонија, Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, Босна и Херцеговина, Чиле, Кувајт, Молдавија, Оман, Панама, Перу и Доминиканска Република.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button