Вести

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ГРАЃАНИТЕ – Од утре поскапуваат овие производи во маркетите!

Advertisement

10-тина маркети за 20 дена добија клуч на врата поради непочитување на мерките за цените. Државниот пазарен инспекторат ги казни со над 100.000 евра.

Директорот Трајковски ги повика трговците да бидат општествено одговорни, а оние кои ќе ги повторат грешките нема да работат подолго време.

Advertisement

– Првичните пет маркети кои беа зтаворени се различни од оние вторите кои ги затворивме. Не се повторуваат имињата , но ако ги повторат грешките затворањето ќе биде на подолг период, вели директорот Горан Трајковски.

фото пекселс

Нерегистрираните трговци имаат рок до 15 октомври да се регистрираат. Во спротивно ќе бидат казнети, а ќе им биде одземена и робата.

Прашан за реакциите од Бизнисот дека немале доволно време да се прилагодат на владините одлуки, директорот Трајковски вели дека целта не е да се казнува, но периодот од пет дена бил доволен за да маркетите да ги поправат грешките.

-Не е фер потрошувач во маркет на пример цената на јогуртот е 109 денари пред одлуките, истиот тој потрошувач да влезе повторно во маркет и да види ознака гарантирана цена, а таа да не биде намалена и повторно да биде 109 денари. Јасно со тоа се доведува во заблуда потрошувачот. Компромиси нема да има за никој, вели Трајковски.

фото пекселс

Граѓаните во изминатиот период реагираа дека на рафтовите недостасуваат одредени производи, но Трајковски тврди дека можеби проблемот бил во тоа што се потрошиле залихите, а трговците не испланирале нови нарачки. Првиот човек на Пазарна тврди дека во моментот нема таков проблем, и во маркетите ги има сите производи.

Граѓаните утре повторно ќе се соочат со нов ценовен шок.

Владата по итна постапка го донесе законот за повисоко ДДВ, но листата на производи ја криеше, споменувани беа само перките од ајкула, чија семето, тартуфите, сирењето со мувла.

фото пекселс

Сепак од утре поскапува речиси се’. Сител телевизија ја објави листата на производи за кои од владата уверуваа дека ќе бидат само луксузни.

За Владата во луксузот се вбројува и брашното, џигерот и сладоледот. Со повисока стапка од 10 отсто ќе се даночат сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази.

фото пекселс

-Меѓу нив е и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи, нудли.

Поскапуваат и храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот.

По нови повисоки цени ќе се продаваат и сите чаеви, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините, објави Сител.

Маркетите веќе ја добиле листата производи и ги подготвуваат новите цени.

Со зголемување на ДДВ во буџетот власта очекува да се соберат дополнителни 70 милиони евра.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button