ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ГРАЃАНИТЕ – Поскапува парното и струјата од декември?

Соседна Бугарија има намера да ни воведе такса за дистрибуција на руски гас со образложение дека тоа е само санкција кон Русија, а Бугарија е држава членка на Европската унија и мора да ги практикува политиките на западно европските држави.
Македонските власти преку допис до бугарските власти бараат да се откажат од оваа такса, а помош е побарана и од Европската унија.
Експертите веќе посочија дека станува збор за сериозен проблем со кој може да се соочи македонската економија. Бизнисот пак е загрижен поради нови турбуленции во однос на цените на нивните суровини и енергенси за работа. А политичката сцена во Бугарија е поделена по ова прашање.
Пет дена останаа на располагање за македонските власти да најдат решение односно да ги премислат властите од Бугарија да не воведуваат такса за дистрибуција на гас која ќе чини 10 евра по киловат час. Годишната потрошувачка во земјава на природен гас изнесува 400 милиони тони кубни гас.
Доколку се направи математика резулататот ќе биде многу негативен по македонската економија, а со тоа и по џебот на граѓаните.
Дел од поголемите индустриски капацитети се приклучени на гас, сите фабрики на странските инвеститори во зоните во Скопје користат гас, а со природен гас се произведува и парно греење за корисниците од главниот град. Според информациите од ресорното министерство се прават напори овој предизвик да биде решен без никакви штети за дражвата.
„Минатата година ние поддршка со стратешките парнери успеавме да обезбдедиме количина од 180 милиони метри кубни, но нашата потрошувачка е 400 милиони метри кубни. Ако се воведе такса за гас од Русија, тогаш треба да се ослободат количините кои ги закупи Гаспром во нашиот интерконектор, со што ќе ни овозможи нас како држава преку пазарна економија, да бараме други извори за снабдување.
Ако Бугарија не ги ослободи количините, кои се нивна обврска, освен дописите, ќе почнеме и правна постапка против таа одлука. Не најавив санкции, туку оштета од ЕК или Бугарија за да се покрие разликата од околу 20% во делот на гасот од берзанските цени, “ велат од министерството за економија.
По информациите од ресорниот министер Крешник Бектеши кој напомена дека е испратен допис до официјална Софија но и до Европската комисија дека ќе бара од Бугарија да се откаже од оваа такса за Македонија, а од Европа да ги покрие штетите доколку Бугарија остане глува на неговите барања, сега се чека потегот кој ќе го направат бугарските власти.
Во ноември ќе се грееме по стара цена, од декември можно поскапување до 30%. Најголемиот производител на струја и топлинска енергија ТЕТО ги обезбеди потребните количини гас за следниот месец по стара цена.
Наметнатата нова давачка од Бугарија за транзит на руски гас, не е вклучена затоа што Гаспром не ја платил. Очигледно е дека одлуката за сега, нема да ја почитува Русија, вели првиот човек во Номагас, Реџепи за Сител.
Но, ако остане на сила, од декември и парното и струјата би поскапеле од 20 до 30%.
– Според сегашните цени, кои во моментов се движат на берза, а тоа е 40 и 50 евра по мегават час, со зголемувањето од 10 евра за мегават, покачувањето ќе биде помеѓу 20 и 30%. Според овие цени, околу 24% новата давачка ќе влијае врз крајните потрошувачи, вели Бајрам Реџепи, директор на НОмагас.
За да не се случи нов ценовен удар, но и енергетската криза земјава мора да има алтернатива, односно да користи поевтин гас од други земји, вели Реџепи.
Затоа, бараат од колегите во Бугарија да им ослободат дополнителен капацитет на постоечкиот гасовод, кој Гаспром го има закупено 100%.
– Решението би било да се користи друг гас. Но, Гаспром го има закупено цел капацитет. Очекуваме оваа година да ни бидат потребни 370 милиони метри кубни, значи ќе ни фалат 190 милиони кубни метри гас да земеме од друг извор. Ако оние не го прават тоа, ќе ги гледаме правните можноти.
За да се изнајде решение, во интензивна комуникација сме со ЕУ и енергетска заедница, за да се минимизира ефект врз крајните потрошувачи.