Лионел Меси не е цар само во фудбалот, туку и во приватниот живот – ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледа убавицата што му го украде срцето
Се познаваат уште од мали нозе…
По неверојатниот натпревар, Аргентина по трет пат во историјата стана светски шампион откако ја победи Франција.
Со оваа победа Лионел Меси, двократниот стрелец во финалето, се приближи до статусот на најдобрите фудбалери на сите времиња.
Инаку, малкумина знаат дека Меси од 2017 година е во брак со Антонела Рокузо со која се познава од неговата петгодишна возраст.
Имено, Лионел бил добар пријател со роднината на Антонела, Лукас, па нивните најблиски знаат колку долго тие се заедно.
Нивната врска во јавноста „исплива“ во 2008 година, а во јуни 2017 година, кога го кажаа судбоносното „да“, тие веќе има три деца.
Антонела пред да го добие својот прв договор како модел студирала стоматологија, а потоа работела и како социјална работничка. Но на крај сепак одлучила за кариера како модел, а „Дејли мејл“ нивниот брачен живот го опишува како „неверојатно нормален“ посебно за голема спортска ѕвезда како што е нејзиниот сопруг. Тоа подразбира секојдневни обврски по дома, одење со децата во игротеки, дружење со родителите на пријателите на нивните синови, постојана присутност во животот на својата сопруга и децата.
Колку легендарниот фудбалер е посветен на своето семејство зборуваат и фотографиите што ги објавува на својот профил на Инстаграм, а на кои се гледа како се забавува со децата и со нивниот најдобар заеднички другар – кучето кое е како член во нивното многудетно семејство.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм