Лила ја покажа емотивната страна и му испрати важна порака на овој човек: „Ти си мојот ангел чувар“
Популарната македонска водителка ја покажа својата нежна страна и напиша емотивна порака за важен човек во нејзиниот живот.
Лила јавно му го честиташе роденденот на својот најдобар пријател и објави нивна досега невидена фотографија.
Водителката која секој ден ја гледаме на фрекфенцијата на Сител ТВ и која со години работи на квизот „Се или нешто“, секој слободен момент го користи да отпатува негде.
Обожава да патува, а нејзините социјални мрежи наликуваат на разгледници.
Лила Филиповска е и голем хедонист и обожава да си угодува себеси, но и на своите најблиски.
Таа е една од нашите најдобри, но и најубави водителки, а својата кариера ја започна многу млада.
Досега има работено на разни телевизиски проекти, но најдолго се задржи за квизот кој сега го води.
Избегнува да зборува за својот приватен живот, но на социјалните мрежи знае да сподели фотографии и видеа од нејзиното секојдневие.
Каде и да оди, што и да прави, нејзин придружник секогаш е нејзиниот најдобар пријател Спасе.
Спасе го прослави 36. роденден, а Лила по тој повод сподели нивна заедничка фотографија направена за време на едно од патувањата.
Во опис напиша:
„Ти си мојот панцир, мојата стена, мојот ангел чувар, моја душа, моја ѕвездетина,мој сопатник од гејт до гејт , мојот соборец ,сјај кога е мрачно … боже чувај не од зло. Најсреќен роденден Ролче“.
ФОТО: Инстаграм / Спасе Јовановски
ФОТО: Инстаграм / Спасе Јовановски
ФОТО: Инстаграм / Спасе Јовановски
ФОТО: Инстаграм / Спасе Јовановски
ФОТО: Инстаграм / Спасе Јовановски
ФОТО: Инстаграм / Спасе Јовановски
ФОТО: Инстаграм / Спасе Јовановски
ФОТО: Инстаграм / Спасе Јовановски
ФОТО: Инстаграм / Спасе Јовановски
ФОТО: Инстаграм / Спасе Јовановски
ФОТО: Инстаграм / Спасе Јовановски
ФОТО: Инстаграм / Спасе Јовановски
ФОТО: Инстаграм / Спасе Јовановски
ФОТО: Инстаграм / Спасе Јовановски