Нашата позната водителка Лила Филиповска очигледно обожава да носи скинати фармерки.
Лила речиси постојано со своите обожаватели го дели своето секојдневие објавувајќи фотографии на социјалните мрежи. Овој пат во прашање е фотографија на која што носи необично издание – фустан кошула во комбинација со скинати фармерки и елегантни сандали со високи потпетици. Таа целото издание го „подигна“ со плико чанта со интересен дезен и „ретро“ очила за сонце во впечатлива црвена боја.
Скинатите фармерки беа мошне популарни и минатите сезони, а богами и во моментов важат за еден од најпопуларните трендови кај нашите девојки. Можете да ги носите како во дневни, така и во вечерни изданија, а како тоа го прави нашата позната водителка погледнете во продолжение.
Од фотографиите што ги објавува на Инстаграм лесно можеме да заклучиме дека скинатите фармерки и се едни од омилените модели, па дури и оние кои изгледаат максимално износенo и кои некои од нас најверојатно би ги фрлиле во контејнер. Сепак мораме да признаеме дека и стојат одлично, а тоа можеме да гo видиме и од следнобо издание.
https://www.instagram.com/p/BihiGoRAd4t/?utm_source=ig_embed
Па, дали ви се допаѓа стилот на Лила?