Вчеравечер во квизот „Се или нешто“, натпреварувачот Роберт, кој инаку работи како супервизор на обезбедување имаше интересна игра која го загрижи банкарот, но и Лила не остана рамнодушна
На Роберт кој беше решен да оди до крај, му беше понудено 320 илјади денари по што тој ја прифати понудата а во неговата кутија имаше само 30 денари. Но, она што ги изненади сите беше откако ја прифати понудата од 320 илјади денари, реши да игра со ризичната кутија со број 23 со која го преполови добиеното.
Неговиот храбар потег ги остави сите со подотворена уста, меѓу кои беше и Лила која призна дека ова била една од највозбудлиите игри и дека овој натпреварувач ќе остане запаметен.
Натпреварувачот за малку не стана првиот милионер, а неговата кутија вредна 30 денари му ја продаде скапо на банкарот, иако сите веруваа дека милионот е кај него, интуицијатата сепак го донесе до одлична игра за која Лила кажа дека била највозбудливата досега.
Сепак и покрај тоа што ги преполови парите кои му беа понудени тој сепак си замина со 160.000 денари.