Лила и во шестата деценија од животот си „грми“, но погледнете каква згоднa риба беше порано
Една од ретките дами која веќе со децении нема проблем да позира во костими за капење...

Водителката Лила Филиповска (51) веќе со години важи за една од омилените дами на нашите мали екрани.
Таа и во шестата деценија од животот плени со својот шарм и убавина, а на нејзиниот изглед ретко кој останува рамнодушен
Впрочем тоа може да се забележи и од нејзините објави на социјалните мрежи со кои водителката секогаш привлекува внимание, без разлика дали се работи за фотографии на кои е тип-топ средена за пред телевизиските камери или пак во некое од своите секојдневни изданија во кои исто така секогаш блеска.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа каде и да се појави ги освојува сите со својот шарм и позитивна енергија, а таква е и во приватниот живот.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Оние што ја познаваат за неа имаат само пофални зборови, а е мошне почитувана и меѓу своите колеги и колешки.
На малите екрани е присутна веќе со децении и досега се има пробано во речиси сите телевизиски формати, а моментално е најпопуларна по нејзиниот телевизиски квиз на Сител „Сé или нешто“.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Но покрај телевизијата, Лила важи и за една од најпознатите Македонки на социјалните мрежи, посебно на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа на својот профил на оваа социјална мрежа речиси секојдневно објавува фотографии и видеа, а сега сподели и една стара фотка со која повторно предизвика огромно внимание кај фановите.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Во прашање е фотографија од пред 13 години, а на која Лила е во дводелен костим за капење и на која изгледа беспрекорно.
Па, како оваа наша позната дама изгледаше во едно вакво издание пред десет и кусур години, потсетете се во продолжение…