Лидија Кочовска се присети на својата младост – ќе се изненадите како изгледала пред многу години
Познатата пејачка некогаш и сега
Лидија Кочовска важи за еден од најмоќните вокали на нашата музичка сцена, а нејзиниот прв настап беше уште на 4-годишна возраст.
Таа потекнува од музичко семејство, а и нејзината сестра Тања Кочовска е позната пејачка, но и една од најдобрите актерки.
Лидија својата кариера ја има започнато многу млада, а има завршено Музичка академија на инструментот обоа.
Фото: Инстаграм/ Лидија Кочовска
Таа денес работи во МОБ, а деновиве ги изненади сите и со една своја стара фотографија од насловната на весникот „Екран“.
Фото: Инстаграм/ Лидија Кочовска
Станува збор за фотографија од почетокот на нејзината слава, кога важеше за една од најпознатите пејачки во Македонија.
Како Лидија изгледаше тога, но и како таа изгледа денес, на свои 49 години, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Лидија Кочовска
Инаку, Лидија на социјалните мрежи неодамна се потсети и на еден нејзин настап од култниот фестивал Макфест.
Фото: Инстаграм/ Лидија Кочовска
Во прашање е настап од далечната 1991 година, кога настапи во квартет со својата сестра Тања, Џон Илија Апелгрин и Игор Џамбазов.
Погледнете го и ова култно видео…