Реклама
Вирално

Летото ќе помине, еве што нѐ чека во ноември и декември: Руските виролози објаснуваат за вакцината, имунитетот и вирусот – не се опуштајте премногу!

Реклама

Коронавирусот се прилагодува на човекот – неговата способност да предизвика болест се намалува, но до сезонски пораст на бројот на заболени веројатно ќе дојде во ноември – декември, изјави главниот епидемиолог на Министерството за здравство на Русија Николај Брико.

– Кружејќи меѓу населението, вирусот сепак се прилагодува на човекот и ја намалува својата вирулентност. Најголема опасност претставуваат вирусите кои повторно се појавија. Тие ќе се појавуваат, нема сомнеж. Секоја година гледаме една или две заразни болести, рече Брико на конференција за новинари.

Маркетинг

Според неговите зборови, сезонскиот пораст на заболените од ковид-19, судејќи по сѐ, ќе се случи во периодот ноември – декември, но нема многу да биде изразен.

 

Маркетинг

Водечкиот руски епидемиолог исто така вели дека сѐ уште не е време да се зборува за крај на бранот коронавирус, дека епидемиолошкиот процес се равива но руското министерство е подготвено, поради што може да размислува позитивно за во иднина.

Во врска со тоа, додаде дека може да се очекува сезонски пораст на заболувањата, но не и бран со иста јачина каков што беше.

– Нашето здравство е подготвено, така што оптимистички гледаме во иднината, истакна Брико.

Бројот на заболени од коронавирус во Русија се зголеми на 5.862 во последните 24 часа, а бројот на жртви порасна во однос на вчера – 165. Вкупниот број на починати достигна 12.745 пациенти.

Досега во Русија се откриени 789.190 случаи на коронавирус од почетокот на епидемијата. Од овој број 572.053 оздравеле. Од ковид-19 во светот пак вкупно се заразени над 14,7 милиони луѓе.

Повторното инфицирање со коронавирусот е ретко и може да биде поврзано со особините на имунолошкиот систем на човекот, изјави главниот инфектолог на Министерството за здравство на Русија, Владимир Чуланов.

– Повторното заразување е ретка појава и веројатно е поврзана со карактеристиките на имунолошкиот систем на конкретниот човек, објасни Чуланов.

Тој наведе дека вакцините против коронавирусот се развиваат на таков начин да се формира цврст и долгорочен имунитет.

– Поради тоа очекуваме дека тие ефикасно ќе заштитуваат од инфекциите со коронавирусот, додава овој врвен инфектолог во Руската Федерација

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button