Лепа Брена зборува отворено за новата снаа и заедничкиот живот под ист покрив: : „Можат да живеат заедно, но за брак се уште е рано“
Таа пред присутните го претстави својот јасен став в врска со воспитувањето на семејството.
Кралицата на фолк музиката, Лепа Брена, го искористи времето во текот на пандемијата на вирусот корона за да ги наполни своите батерии, но и да ужива со членовите на семејството, кои сите беа заедно после долго време.
Според медиумите, нивното семејство сега брои повеќе членови, затоа што новата девојка на Виктор се всели во нивниот дом.
Пејачката го открива нејзиниот став во врска со можниот брак на нејзиниот најмлад син.
„Виктор, исто како и Стефан, можат да го почувствуваат заедничкиот живот, и тоа кога ќе се грижат еден за друг 365 дена во годината. Ни Филип не брзаше да се ожени, па затоа не треба ни тие двајцата. Постојат многу работи што треба да ги прават и научат, пред бракот, затоа што одлуката да се започне семејство и потомство е многу сериозна. Мора да му се посветите на детето и тоа мора да биде добро образувано. Ако само бркате кариера, еден ден ќе сфатите дека имате цело богатство, можеби и моќ, но неуспеси и промашувања во приватниот живот. Најлесно е да се направи дете, но тоа е живо суштество, според кое треба да се има одговорност и посветеност. И јас и Бобан ги советуваме и ќе видиме дали ќе нè послушаат“ изјави пејачката за Курир. А со оглед дека помладиот син Виктор е во стабилна врска со убава студентка, пејачката се осврна и на неговиот емотивен избор.
„Сандра е прекрасна девојка и многу мило ми е што видов дека моите синови се согласуваат со своите девојки. Отсекогаш сум ги учела дека девојките треба да ги сакаат и да ги почитуваат и гледам дека овој дел од нашето воспитување вроди со плод. Луѓето треба да се најдат и пронајдат, а Виктор и Сандра уживаат во врската. Покрај тоа, открив дека Сандра прави фантастична шминка. За време на изолацијата, таа ме нашминка мене и неколку мои пријателки. Ние сме воодушевени и сакам да и дадам поддршка бидејќи светот останува на помладите “, додаде пејачката.

Брена сме навикнати да ја гледаме негувана и дотерана повеќе од три децении, па таа исто така се осврна на тоа како изгледа толку младешка и софистицирано.
„Негувањето се учи дома. Ние растевме во социјалистичка држава, каде имаше само фризерски салони. Педикир се правеше само оној медицинскиот. Исто така научив и да се шминкам, да ја негувам кожата, па дури и сама да си ги негувам ноктите. Но морам да признам одвај дочекав да се отворат салоните, па сето тоа да ми го направат професионалци. И вистина е дека малку се одморив од фенирање и шминкање. Се сеќавам кога мајка ми одеше на фризер, тоа и беше време да се одмори и да се опушти, а за мене тоа е обврска. Сепак, и со таа обврска јас ја сакам мојата работа“.