Реклама
Наши ѕвезди

Латас откри досега непознати детали за неговиот приватен живот: „До 2 часот сме во ред, после се караме“

Реклама

Познатиот македонски новинар откри многу работи од приватниот живо, кои публиката не ги знаеше за него.

ФОТО: Фејсбук / Драган Павловиќ Латас

Латас својата кариера ја започна релативно млад, во далечната 1980 година. Долги години беше дел од Сител телевизија.

Вестите кои тој ги презентираше беа едни од најгледаните. Без влакна на јазикот, никогаш со сценарио пред себе, Латас умееше да ги презентира вестите на начин на кој ќе ги разберат сите.

Веќе извесно време е повлечен од ТВ екраните, но и понатаму е професионлно ангажиран.

Маркетинг
ФОТО: Фејсбук / Драган Павловиќ Латас

Во емисијата „Нешто конкретно“ тој зборуваше за својот привтен живот, за сопругата и децата.

Проговори и за тоа каков е неговиот однос со зет му.

Маркетинг

„Мојот зет е продуент, работи со странци на филмови, се разбираме бидејќи сме од слична професија. Ме вика по име. Брзо се разбираме, заедно оговараме, заедно збориме за филмови, за работа, заедно загледуваме млади плавуши“, откри тој.

ФОТО: Фејсбук / Драган Павловиќ Латас

Латас се оженил на 23 години, а неговата сопруга тогаш имала само 19 и била бремена.

Тој откри дека неговата ќерка за разлика од него, се омажила доста доцн според него, на 35 години, атоа што сметала дека тоа ќе ѝ пречи во кариерата.

„Не дава да го чуваме внучето, она ќе го воспитувала, ќе го чувала. Помага жена ми, но колку што ќе ѝ дозволат“, кажа новинарот.

ФОТО: Фејсбук / Драган Павловиќ Латас

Кога се родила неговата ќерка бил релативно млад, па немал време многу да ѝ се посвети, но затоа кога се родил син му сакал да го надомести сето време.

„Мојот син 2 ипол години го бањав јас во 14 часот на пладне, додека бев уредник во Сител, имало всти немало вести, трчаница од стадион карши Влада живееме и назад, секој ден хранење и заспивање, затоа што имав грижа на совест дека ќерка ми ја чуваа баби. Децата треба да си ги чуваат своите родители, а другите да помагаат по потреба“, кажа Латас.

ФОТО: Фејсбук / Драган Павловиќ Латас

Она што сите ги интересираше во врска со него е дали во неговото семејство постојано се зборува за политика.

„Политиката е опасна за да влезе во фамилија.
Јас имам свои политички убедувања според мои факти, дедо ми има на свои. Случајно на жена ми фамилијата е дијаметрално спротивна на она што е мое политичко убедување. И тука сме имале кавги и до вреѓање, секој си е за своите, кога ќе дојде слава и роденден до 2 часот сме сите во ред, после се караме. Нека си гласа кој за кој сака. Ден денес не знам мојата жена и моите деца за кој гласаат. Никогаш не сум ги прашал“, кажа Латас.

ФОТО: Фејсбук / Драган Павловиќ Латас

Новинарот откри и како мајката на неговата сопруга му го спасила животот.

„Јас имам најдобра баба на светот, можам тоа да кажам.Ме хранела, ме издржувла, ме трпела. На некои години негде 30тина, бевме во Маврово, јас се направив фека, до толку што не можев да се качам по скали на куќата. Внатре беа жена ми, ќерка ми, дедото и бабата. Јас свирам сигурно 5, бидејќи не можев да излезам, а ќе се смрзнам внатре. Единствена што се симна беше баба ми. Ме фати под рака, некако ме донесе, ме легна, јас преживеав благодарение на неа. Се погрижи и да се средам што побрзо“ откри Латас.

ФОТО: Принтскрин

Природата на неговата професија е таква што тој често мора да носи кошули и елегантна облека, па Латас кажа дека неговата мајка го научила сам да си ги пегла кошулите.

„Мајка ми ме научи да пеглам, да готвам од млад, бидејќи ми рече не знаеш каква ќе земеш, да си знаеш. Јас сам си ги пеглам своите ошули, бидејќи никој не знае да ги испегла подобро од мене“, заклучи новинарот.

ФОТО: Фејсбук / Драган Павловиќ Латас

ФОТО: Фејсбук / Драган Павловиќ Латас

ФОТО: Фејсбук / Драган Павловиќ Латас

ФОТО: Фејсбук / Драган Павловиќ Латас

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Фејсбук / Драган Павловиќ Латас

ФОТО: Фејсбук / Драган Павловиќ Латас

ФОТО: Фејсбук / Драган Павловиќ Латас

ФОТО: Фејсбук / Драган Павловиќ Латас

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button