Лазаров со најнови информации: Зоки Фаци требаше да биде опериран денеска, но се случи пресврт
Познатот водител сподели најнови информации за здравствената состојба на Зоки Фаци.
Лазаров ја откри причината за одложувањето на операцијата на неговиот колега.
Веќе цела Македонија е запознаена со здравствената состојба на познатиот водител Зоран Василевски.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Зоки веќе неколку години боледува од канцер, а од битката веќе еднаш излезе како победник.
Овој пат болеста зема замав и целата ситуација се искомплицира.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Водителот од самиот поеток јавно изнесува информаци и детали за неговата борба.
Сѐ започна пред неколку години кога случајно ја повредил ногата и забележал топче кое не поминувало со месеци.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
По направен преглед било установено дека станува збор за тумор, кој веднаш бил опериран.
Таа битка ја поминал полесно, без хемотерапија.
Но, канцерот повторно се врати во неговото тело, односно повторно на ногата.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Иако направи операција и прими 4 хемотерапии, овој невидлив непријател земал замав и се проширил на стомакот и на коските.
Народот се крена на нозе и со заеднички сили собра финансиски средства за Зоки да може да се лекува во болница во Турција, каде било одлучено дека прво треба да прими хемотерапии, а потоа повторно да се врати таму на операција.
ФОТО: Инстаграм / Зоки Фаци
Зоки се врати во Скопје, каде се консултираше со нашите доктори од кои доби позитивни вести.
Иако Зоки имаше закажано операција во една од приватните болници во Скопје, Лазаров се огласи на Инстаграм и соопшти дека се случил пресврт.