Лавовите се вистински мајстори за заведување и умеат да кршат срца.
Секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието, најгласни се во друштво, а кога некој им се допаѓа, тоа го покажуваат и е повеќе од очигледно. Лавовите се вистински заводници и вешти љубовници, па ретко кој не паѓа на нивниот шарм. Но, токму тоа може да биде и проблем.
Имено, иако тие се многу верни, заштитнички настроени и полни со емпатија, додека не ја пронајдат онаа љубов која им одговара, тие се многу превртливи.
Им годи вниманието кое го добиваат кога некоја личност ќе се заљуби во нив, па затоа, ако влегувате во сериозна врска со личност родена во овој знак, најдобро е да не ги искажувате уште веднаш своите емоции, туку да останете таинствени додека не видите дека и Лавот е целосно заљубен во вас.