Кученце, старо само 3 дена, одбивало да јаде, а причината била тоа што нејзината мајка била премногу млада и ги немала развиено мајчинските инстинкти. Малото кутре не сакаше да го цица нејзиното млеко, а една прекрасна жена го зема со надеж дека ќе успее да го спаси.
Иако никој не се надеваше дека кутрето ќе преживее, Кендис реши да го земе кај себе, и веруваше дека нејзините кучиња ќе помогнат. Кило веднаш сфати што се очекува од него – ќе легнеше покрај кутрето, а жената ќе го потпреше шишенцето на неговото стомче и „бебето“ ќе почнеше да јаде.
Овој метод се покажа како мошне успешен, и малото кутре почна да добива сила. Бидејќи беше женско го доби името Пени, а Кендис се грижеше за неа 24 часа. Мораше да ја нахрани, и да ја држи на топлина. Наскоро во грижата за Пени се приклучи и второто куче Му.
За две недели Пени почна да оди и прогледа. Порасна во прекрасно и разиграно кученце, но кога дојде време да оди во нов дом, Кендис едноставно не можеше да ја даде.
Иако оваа жена имаше намера само да и помогне да стане на нозе и да најде соодветното семејство, по толку многу напор и време поминато заедно, таа едноставно ја засака премногу и сега живеат заедно и среќно.