Петар Грашо по раскинувањето на дводецениската врска со Данијела Мартиновиќ стапна на лудиот камен со Хана Хуљиќ, ќерката на неговиот долгогодишен пријател Тончи Хулиќ.
Имено Хана и Грашо се познати како еден од најскладните парови, но поради фактот што тие долго време не се видени заедно во јавноста, многумина се сомневаат дека нивниот брак не е во најдобрар ред.
– Кутра Ханица, вистинска самохрана мајка! Кутрата Алба, нема татко да ја земе од болница, или да ја носи на крштевка! Навистина се сиромашни на емотивна страна – имаше низа коментари на „Инстаграм“ откако Хана беше фотографирана како пристигнува сама со ќерката на крштевката која се одржа во февруари.
Сега и хрватските медиуми објавија дека популарниот музичар не се видел со најблиските членови на своето семејство речиси два месеци, но дека Петар Грашо и Хана Хуљиќ и покрај сите шпекулации функционираат совршено.
Петар и самиот потврди дека тие се добро и дека нема никакви несогласувања меѓу нив.
– Нема ништо подобро од тоа, прекрасно е чувството да се вратиш дома во најубавиот град на светот, по 52 дена по ред поминати на пат – изјави тој за тамошните медиуми.
Во една прилика Грашо откри и како започна нивната љубов. Тој во изјава за Прва тв изјави дека и бил омилен пејач на Хана.
Кога беше мала, ми праќаше некои мали писменца со детски ракопис, се уште ги чувам.