Курир.рс: Јас сум Слободан Маријановиќ, жив сум, не сум убиен во Колумбија!
Жив сум , седам дома и никогаш не сум бил во Колумбија, но фотографијата што ја пренесуваат медиумите е моја, рекол човекот што се јавил во Курир.рс.
„Јас сум Слободан Маријановиќ, жив сум, не сум убиен во Колумбија – ваков повик пристигнал во редакцијата на Курир.рс од човек кој се преставува со името и презимето на нарко дилерот за кој медиумите од регионот пренесоа вест дека е убиен.
Во неделата во јавнсота протече информацијата дека Слободан Марјановиќ (40) е пронајден мртов во Колумбија, најверојатно дошол во таа земја со цел да се договори со извесен Пак, кој важи за водач на картелот „Лос Панченкас“, за транспорт на дрога во Холандија!
– Се викам и презивам исто како човекот за кој соопштуваат дека загинал во Колумбија, не сме иста возраст и не сум роден во Жабљак. Жив сум , седам дома и никогаш не сум бил во Колумбија, но фотографијата што ја пренесуваат медиумите е моја, рекол човекот што се јавил во Курир.рс.
Колумбиските медиуми открија дека во истрагата за убиството многу помогнал мистериозен сведок кој престојувал со Марјановиќ во луксузен хотел во Санта Марта. Оттаму не откриваат детали за тоа дали и клучниот сведок е државјанин на Србија. Се сомневаат дека жртвата била дел од криминална група која шверцува дрога од Колумбија во Европа. Клучниот сведок, кој престојуваше со жртвата во хотелот, откри дека Марјановиќ се сретнал со лице по прекар Пако, еден од најбараните нарко босови, за да ја координира испораката на дрога од морското пристаниште во Колумбија до главниот град на Холандија.
Полицијата наводно го пронашла сведокот на аеродромот кога по убиството на Марјановиќ со авион се обидел да се врати во Богота од Санта Марта, од каде на 24 мај пристигнале во приморскиот град. Им признал дека требало да ја координираат пратката што требало да биде натоварена на бродот.