Се продаваат НМК налепници за 50 денари – еве каде може да си купите ако не ви се чека во центрите за технички преглед

Министерството за надворешни работи информира дека во согласност со Договорот од Преспа, кодот NМК се употребува исклучиво за регистарските таблички на возилата.
За сите други намени, кодот за земјата е МК и МКD, согласно Меѓународната организација за стандардизација (ИСО) и како таков стои во документите издадени од државата, меѓудругото и во патни исправи, лични карти, возачки и сообраќајни дозволи.
Во врска со наводите во одредени медиуми за враќање на наши граѓани од граничните премини со Грција, заради кодот МК на новите сообраќајни дозволи, Министерството стапи во контакт со грчката страна, и во Скопје и во Атина, укажувајќи за ова прашање. Добиено е уверување дека тоа не е и нема да биде проблем, велат од Министерството за надворешни работи.
Неколку продавници кои продаваат авто делови во скопската населба Чаир веќе продаваат и налепници со кодот НМК.

Според информаци на Прес 24, налепницата можете да ја купите за сума од 50 денари, за која ќе добиете две лепенки за предната и задната регистарска табличка.
Доколку не Ви се плаќа, тогаш можете да земете налепница и во центрите за технички преглед на автомобили, а за разлика од вчера, денеска можете да покажете сообраќајна ндозвола и од друго возило и за него исто така ќе добиете налепници кои можете и сами да ги залепите.
Од утрово, на некои гранични премини, а на сите кон Грција не можете да влезете ако на табличката немате код НМК




