Кумата на Анастасија опива со својата убавина – ИМА ЗАВРШЕНО два факултети и е внука на легенда
Оваа убавица ќе и' биде кума на Анастасија Ражнатовиќ
Тара Милутиновиќ, идната кума на Анастасија Ражнатовиќ, е убавица на која никој не може да остане рамнодушен.
Шармантната актерка деновиве се најде во центарот на вниманието кога сподели видео на кое е заедно со Анастасија.
Тие се најдобри другарки од детството, а сега Анастасија со неа го минува времето откако се врати дома.
Тара ќе направи сé за да ја расположи својата пријателка која пред неколку дена остана без бебето, а беше во петтиот месец од бременоста.
И додека Инстаграм профилот на Анастасија е изгасен бидејќи пејачката реши да се повлече на некое време од социјалните мрежи, Тара реши да сподели заедничко видео и да покаже дека на нејзината пријателка полека и се враќа насмевката.
Но по ова видео, и последната фотографија на Тара привлече големо внимание на Инстаграм. На неа можеме да ја видиме убавата млада дама како ужива со пријателите во сончевиот ден и пие вино.
Тара посебно ги воодушеви своите пријатели и фанови на социјалните мрежи и со интересното модно издание – таа за оваа пригода носеше бела сукња во комбинација со крем маичка и бела кошула.
Тара целото издание го зачини со златен накит, а како изгледаше погледнете во продолжение:
Инаку, Тара е млада актерка која неодамна прв пат се појави на филмското платно, а малкумина знаат дека му е внука на легендарниот српски фудбалер и тренер Велибор Бора Милутиновиќ и има завршено два факултети. Таа прво дипломираше на Економскиот факултет, а откако сфатила дека глумата е она во што најмногу ја привлекува, таа заврши и Факултет за современи уметности.
Како изгледа оваа убавица погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Тара Милутиновиќ
Фото: Инстаграм/ Тара Милутиновиќ
Фото: Инстаграм/ Тара Милутиновиќ
Фото: Инстаграм/ Тара Милутиновиќ
Фото: Инстаграм/ Тара Милутиновиќ
Фото: Инстаграм/ Тара Милутиновиќ
Фото: Инстаграм/ Тара Милутиновиќ
Фото: Инстаграм/ Тара Милутиновиќ
Фото: Инстаграм/ Тара Милутиновиќ
Фото: Инстаграм/ Тара Милутиновиќ
Фото: Инстаграм/ Тара Милутиновиќ