Кумановката што ги освои сите во Пинк ѕвездички порасна и денес е непрепознатлива – слаткото девојче сега изгледа брутално!
Од мало и слатко девојче кое веднаш ја освои публиката со својот глас, порасна во вистинска убавица на чиј изглед не може да одолее никој.
Шармантната пејачка Мартија Станојковиќ ја освои публиката уште додека беше многу мала. Потекнува од Куманово, а родена е на 7 април 2004 година.
Таа започнала да го развива нејзиниот музички талент кога имала само 5 години, приклучувајќи се на денс студиото “Ултра”. На 7 годишна возраст ја снимила својата прва песна „Пејачка ќе станам“ со која настапила на кумановскиот детски фестивал „Детелинка“.
Огромна популарност стекна со учеството во регионалното шоу Пинкови ѕвездички во текот на 2015 и 2016 година, каде постигна голем успех.
Во текот на десетте месеци колку што траеше шоуто беше еден од фаворитите и со својот неверојатен глас, шарм и сценски настапи успеала брзо да се наметне и да биде меѓу фаворитите за победа.Во суперфиналето одржано на 3 јули во кое останаа само десетте најдобри натпреварувачи, го освои второто место.
На 24 јули 2016 беше избрана да ја претставува Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија 2016 во Малта. На Детскиот избор за песна на Евровизија 2016 одржан на 20 ноември таа го освои 12-тото место со 41 бод во конкуренција на 17 земји учеснички.
Со тој пласман беше избегнато последното место за Македонија на натпреварот за првпат од 2012 година.
Слаткото мало девојче, денес е девојка, која активно работи на музичката кариера.
Ја претставува новата генерација пејачи, а слободно може да се каже дека може да застане рамо до рамо со светски познатите имиња.
Дали можете да ја препознаете?
Долга црна коса, фантастична линија, вонвременска убавина – вака накратко може да се опише Мартија.
Секогаш се труди да ги следи трендовите, впрочек како и секој млад човек, што и да облече, на неа изгледа неверојатно.
На нејзиниот Инстаграм профил може да се најдат и провокативни фотографии во кратки фустанчиња и бикини. Секогаш во преден план се бујните облини на пејачката.
Пред Мартија е блескава кариера, а уште на самиот почеток таа се труди да биде максимално професионална.
Пандемијата полека спласнува, а таа како и останатите пејачи веќе се подготвува за промоција на она што го работела до сега.
На својот Инстаграм профил најави нова песна на српски јазик, насловена „Не волиш“.
Додека очекуваме нешто ново од неа, вистинско освежување за ова лето се нејзините фотографии.
Повеќе погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм / Мартија Станојковиќ