Кумановецот кој во „Ѕвездите на Гранд“ и беше омилен на Карлеуша ги шокираше сите со својот експлицитен коментар (видео)
Македонскиот пејач Марио Арангеловски ја промовираше својата нова песна со видео запис.
Шармантниот кумановец се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“ каде што стекна големо искуство и сериозен успех и покрај тоа што не успеа да се пласира во финалето. Тој беше дел од тимот на Јелена Карлеуша и важеше за еден од омилените кандидати на пејачката.
Новата песна на Марио се вика „Фон“ и е направена во соработка со Михаил Митковски Мише. Во спотот како актери се појавуваат Трајче Мантев, Мирјана Коловска, Александра Иванова, Бобан Стојмановски и Александар Ташиќ, и истиот е во режија на Константин Митевски.
Песната има модерен ритам и би можела да биде следен македонски хит, а и фановите на Марио се воодушевени.
Под видеото објавено на Јутјуб следуваа бројни реакции и коментари, и сите се согласни дека песната е топ, а што се однесува до бројките, на социјалните мрежи се огласи и самиот Арангеловски и со својот „експлицитен“ коментар што го напиша никого не остави рамнодушен.
„Да објавив експлицитно видео, цела македонска јавност ќе дискутираше за мојот морал или п**ов орган, но за жал или среќа на повеќето, одлучив да објавам нов музички проект на кој што работев со месеци наназад“, пишува пејачот на својот Инстаграм и додава:
„Пред да продолжам сакам од сé срце да и се заблагодарам на сите до еден, скоро 10.000 на број, кои одвоивте две минути и погледнете што тоа сме сработеле. 10.000 прегледи се можеби малку, но 10.000 луѓе полнат цела една концертна сала. Така што, бројките како бројки не ме загрижуваат, песната одлично циркулира и генерално сум задоволен од реакциите“.
„Но она што ме фрустрира е менталитетот кој владее, кога е музичката сцена во прашање“, вели пејачот во својата последна објава на Инстаграм.
Тој потоа додаде дека според него, во Македонија во последните десет години не постои естрада и шоубизнис во Македонија. И тоа е проблем, вели Арангеловски, како што е проблем и тоа што кога ја објави својата прва песна по учеството во „Ѕвездите на Гранд“, на српски јазик, сите го критикувале, додека сега, кога објави песна на македонски јазик, истите ги нема никаде.
„Завчера, еве, објавив супер песничка на македонски. Со уште подобар видео запис. И? Каде се сега истите тие патриоти? Каде се медиумите? Кога и зошто во оваа наша земја почна да се пишува само за скандали и да поминуваат само експлицитни содржини? Со кое право луѓето се згрозуваат кога ќе им излезе Карлеуша во медиум, а најчитани вести за мене беа токму оние кога гушнат со неа („оскудно“ облечена) им се радува на успесите во шуто каде што таа ми беше ментор“, се прашува младиот артист.
Тој потоа вели дека не сака никому да му се наметнува, и дека секој има право да гледа, слуша и чита што и да сака, но исто така вели и дека на крајот на денот не треба да не чуди зашто карта за настап на Тамара или ДНК е 300 денари, а за пејачи како Раста, Аца Лукас или Цеца од 1000 па и нагоре, со претходна резервација, флаши, ваучери и сл…
Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски
Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски
Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски
Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски
Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски
Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски
Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски
Фото: Инстаграм/ Марио Арангеловски