Реклама
Наши ѕвезди

КСЕНИЈА со моќна порака што секој треба да ја прочита-Младата писателка славеше роденден, во прекрасен кремаст аутфит

Нејзините мисли се вирални , девојките и жените  ги споделуваат секојдневно.

Реклама

Популарната авторка и инфлуенсерка  Ксенија Николова стана омилена помеѓу и корисниците на социјалните мрежи , бидејќи отворено зборува за сите нејзини случувања.

Таа ова поврзување со публиката во виртуелниот свет го започна откако почна да зборува јавно за депресијата.

Впрочем, не се срамеше да каже дека таа минала низ депресивен период и да сподели со што сè се соочувала. А, со тоа да им помогне и да ги охрабри и останатите жени кои се на истиот пат дека не се сами.

фото/Инстаграм

Во последно време јавноста е запозната со тоа дека Ксенија се обидува да се изреализира како мајка. За сите премрежја што ги поминува за најпосакуваната желба да стане реалност  таа  ги споделува со нејзините следбеници на инстаграм . Никогаш нема доза на разочарување ,по секој пораз таа продолжува упорно да се онидува.

Маркетинг

Нејзините мисли се вирални , девојките и жените  ги споделуваат секојдневно.

Маркетинг

Авторката има зад себе неколку романи кои се хит овде, но популарни и надвор.

Младата писателка вчера славеше роденден.

фото/Инстаграм

Со фановите сподели роденденска фотосесија во која таа е облечена во прекрасен кремаст комплет.

фото/Инстаграм

35-годишната Ксенија Николова на објавата напиша порака која секој од нас треба да ја прочита.

Која сум јас на овие 35 години?
Изминатава година беше turning point за мене на многу полиња. Си дозволив да пораснам на приватно и професионално поле и да продолжам да растам заедно со сите шанси што животот ми ги пружа. Тоа ме научи многу, но истовремено сфатив дека некогаш да знаеш повеќе може да биде и помалку тажно, особено кога истото се претвора во носење некои конечни одлуки. Сепак, кога би можела да бирам, сакам да бидам во допир со себеси и својата потсвест, да ја знам вистината и исклучиво за неа да живеам.

Подолу таа пишува за тоа дека чувствува некое ослободување додека го пишува ова.

фото/Инстаграм

Не можам да ви опишам колку поинаку и посебно се чувствувам додека го пишувам ова, некој интересен танц се случува во мојата душа и знам дека тоа е знак дека некои врати засекогаш ќе ги затворам, зашто ме чекаат оние кои допрва треба да ги отворам.
Ако можам со еден збор да ја опишам својата личност сега, тогаш тоа дефинитивно би било зборот ОДЛУКА.

Можеби секој од нас на секој роденден треба да се запраша што научив за една година? Еве како продолжува пораката на Ксенија понатаму.

фото/Инстаграм

Научив да носам добри одлуки за себеси. Научив да воочам дека сум донела погрешна одлука и истата грешка да не ја повторам. Умеам да разликувам што е моментално добра одлука, а што добра одлука на долги стази.
Еднаш некој ми кажа дека добриот живот е збир од добри одлуки. Да, но тоа не значи дека немаш право на грешка, секако дека имаш. Важно е да ја препознаеш таа грешка, да се исправиш пред неа и да ја претвориш во добра одлука.

фото/Инстаграм

Но, не постои човек кои не греши, па затоа писателката посчува како треба да се однесуваме со сопствените грешки.

Грешките не нѐ дефинираат, ама можат да нѐ проголтаат, затоа треба да имаме храброст и смелост да ги надраснеме.
Има една добра мисла „кога животот нешто не ти дава, подготви се да добиеш повеќе од што си побарал.”

И за крај, една искра надеж…

фото/Инстаграм

Знам дека е така и знам дека животот веќе некое време, буквално ме чека седнат на една клупа, ме гледа и ми повторува – „не знам уште што треба да се случи за да сфатиш дека ова не е за тебе.”
Знам животе, фала ти на трпението, на здравјето и што ме чуваше како и секогаш, ти ветувам дека оваа година нема да ме гледаш како тапкам во место, туку заедно ќе танцуваме на некоја супер фраерска песна, јас, ти и мојата иднина. И замисли, ништо од тоа нема да биде ниту договорено, ниту планирано. Едноставно ќе се случи, пишува Николова.

 

 

Среќен роденден Ксенија!

фото/Инстаграм

 

Во продолжение уште неколку убави цитати на Ксенија Николова:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button