Ксенија од „Хурикејн“ скршена од болка откако ја слушна тажната вест од семејството – трагедијата ја криеја од неа заради финалето
Пејачката Ксенија Кнежевиќ остана без блиска личност во нејзиниот живот
Женскиот бенд „Хyрикејн“ ја освои арената во Ротердам со својата енергија што се чувствуваше и преку малите екрани.
Трите девојки со својот шарм ја освоија публиката, а од Македонија добија 12 поени за својата нумера „Loco, loco“.
Но откако Сања, Ксенија и Ивана се вратија дома, ги чекаше и една непријатна вест – бабата на Ксенија го изгуби животот.
Како што пренесуваат српските медиуми, животот на нејзината баба згасна и тоа непосредно пред самото финале, но членовите на семејството одлучиле да не и кажуваат за да не ја вознемират додека трае натпреварот. Во прашање е бабата на пејачката д страна на нејзината мајка.
„Горди сме и на нас и на целиот регион. Не знаевме дека луѓето ќе реагираат вака. Се уште ги собираме емоциите. премногу пораки со поддршка ни пристигна.“
„Никогаш не сме биле посложни, ова е голем шок за нас“, изјавија девојките по пристигнувањето кои не се разочарани со 15-тото место.
„Стручното жири не беше наклонето кон нас, не знаеме дали е тоа затоа што песната е брза или некој друг фактор. Бевме шокирани кога на почетокот никој не ни даваше гласови, па си помисливме: ‘Што се случува? Дали навистина бевме толку лоши?!’ но не бевме премногу загрижени заради тоа, игравме и пеевме на сите песни, ги знаеме напамет.
„Нам навистина ни беше добро на сцената, одлично си поминавме, ја пренесовме енергијата на луѓето. Бевме деветти според гласовите на публиката, што за нас е голем успех, но ни 15-тото место не е воопшто лошо“.
„Беше емотивно кога поминавме во финалето, тогаш ни се насолзија очите. Ние не очекувавме победа“, изјавија трите девојки.
„Сакаме да им се заблагодариме на сите колеги што лобираа, листата навистина е долга, не сакаме никој да заборавиме. Марија Шерифовиќ е царица“.
„Шефицата на делегацијата го организираше нејзиното доаѓање, кога таа е појави, атмосферата веднаш се подигна на повисоко ниво“, изјавија тие.
Што се однесува до тажната вест, Ксенија се до пристигањето дома не знаеше дека нејзината баба повеќе не е жива.
Сепак, тажната вест го фрли во втор план нејзиниот успех, иако таа цело време не знаеше дека тоа се случило.
Фото: Принтскрин/ Евровизија ТВ
Фото: Принтскрин/ Евровизија ТВ
Фото: Принтскрин/ Евровизија ТВ
Фото: Принтскрин/ Евровизија ТВ
Фото: Принтскрин/ Евровизија ТВ
Фото: Принтскрин/ Евровизија ТВ
Фото: Принтскрин/ Евровизија ТВ
Фото: Принтскрин/ Евровизија ТВ
Фото: Принтскрин/ Евровизија ТВ
Фото: Принтскрин/ Евровизија ТВ
Фото: Принтскрин/ Евровизија ТВ
Фото: Принтскрин/ Евровизија ТВ