Реклама
Наши ѕвезди

Круме и неговата „чудна жена беше Вера“ ги знаеме сите, но која е дамата што го ОСВОИ НЕГОВОТО СРЦЕ

Реклама

Тој е доајен на македонската фолк-музика. Пејачот Круме Спасовски многумина го нарекуваат и наследник на големиот Никола Бадев.

ФОТО: Круме Спасовски / Фејсбук

Секогаш елегантен, ненаметлив, автентичен, Круме долги години опстојува на музичката сцена. Пејачот кој создава трајни вредности, кои во денешно време сѐ помалку го има. Неговата најпозната песна „Чудна жена беше Вера“ е вонвременски хит, песна без која не може да помине ниту една свадба, ниту една семејна прослава.

ФОТО: Круме Спасовски / Фејсбук

Со оваа песна тој го затвори својот двочасовен концерт пред две годинина 17 мај во Домот на Армијата, на кој имаше преполна сала. Во салата дури немало ни доволно седишта, па повеќето луѓе и стоеле, но тоа воопшто не било проблем, затоа што е невозможно на неговата музика да се седи. Целата публика е на нозе.

Маркетинг
ФОТО: Круме Спасовски / Фејсбук

Во време кога владее кичот, вистински мелем за ушите се постарите македонски песни. Вистинско изненадување е да се чуде дека во денешно време македонските пејачи успеваат да наполнат сали. Обично тоа се случува само на концертите на српските пејачи.

Круме е еден од ретките кои можат да се пофалат со 40 години кариера. Многу настапи, многу концерти, многу хитови. Од Абер дојде Ајше ле мори, Ајде дали знаеш паметиш Милице, Бог да бие Наумчето, Оф Аман, Јано ле Јанке убава…..до Ај што мерак имам бабо, Подранила Цена, Еј Заге носам чалгии, со антологиската веќе споменатата Чудна жена беше Вера.

Маркетинг
ФОТО: Круме Спасовски / Фејсбук

Неговиот музички репертоар е составен од над 170 песни и нормално е да му е тешко да одвои со која е најмногу поврзан. Во едно свое интервју откри дека сепак најмногу емоции кај него буди „Еј Заге носам чалгии“ – Егејска елегија и мегахитот „Чудна жена беше Вера“.

Круме е доказ дека македонската публика има што да слуша.

ФОТО: Круме Спасовски / Фејсбук

За „Чудна жена беше Вера“ пак, може да се каже дека оваа песна е лична карта на Спасовски. Песната е препеана на повеќе јазици. Создадена е од големиот мајстор на чалгии Хилми Баки, а текстот е на Дурче Мемедов.

Тој никогаш не се појавувал во медиумите без некаква потреба ниту новост. Неговата кариера ја гради строго на квалитет и никогаш на шпекулации и трачеви. Многумина го споредуваат со Никола Бадев, а тој вели дека тоа воопшто не му пречи. Вели дека тоа што има специфичен глас е благослов и му овозможува да го прави она што го сака во неговите интерпретации.

ФОТО: Круме Спасовски / Фејсбук

Круме Спасовски инаку е во брак 55 години со неговата сакана Зага. Навистина завидна бројка. Плод на нивната љубов се нивните две деца Елизабета и Бобан. Зага и Круме сега имаат нова животна улога. Тие се сега баба и дедо. Пејачот и неговата сопруга имаат три внуци, Кристијан, Анастасија и Филип.

ФОТО: Круме Спасовски / Фејсбук

Од 17-годишна возраст Круме живее во Скопје, а откако се пензионирал со неговата сопруга продолжиле да живеат во неговото родно село Горно Коњаре.

Поради пандемијата тие двајца се трудат да бидат внимателни, затоа што се вбројуваат во ризичната група луѓе, кај кои вирусот може да биде кобен.

Токму затоа Круме и неговата сопруга уживаат во селото. Но, тој никако не мирува и работи на својата кариера.

ФОТО: Круме Спасовски / Фејсбук

Круме соработува со многу свои колеги, со кои се дружи и приватно. Често на фотографии објавени на социјалните мрежи може да го видиме во друштво на Атина Апостолова, Вики Среброва, Ани Малинкова. Ниту вирусот Ковид 19 не ги спречува да уживаат во своите дружби.

ФОТО: Круме Спасовски / Фејсбук

„Верувам дека постои опасност, но внимаваме на нашата дистанца и не практикуваме прегрнување и бакнување. Единствено што правиме е дезинфекција со домашна ракија и друг вид на алкохол“, изјави Круме за „Свет-Австралија“.

ФОТО: Круме Спасовски / Фејсбук
ФОТО: Круме Спасовски / Фејсбук
ФОТО: Круме Спасовски / Фејсбук
ФОТО: Круме Спасовски / Фејсбук
ФОТО: Круме Спасовски / Фејсбук
ФОТО: Круме Спасовски / Фејсбук
ФОТО: Круме Спасовски / Фејсбук
ФОТО: Круме Спасовски / Фејсбук
ФОТО: Круме Спасовски / Фејсбук
ФОТО: Круме Спасовски / Фејсбук
ФОТО: Круме Спасовски / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button