Кристина Димитриевска преубава и без трошка шминка – ја покажа ПРИРОДНАТА УБАВИНА, никогаш не изгледала позанесно
Многу жени се срамат да позираат без шминка, но не и таа.
Убавата Кристина Димитриевска освен што може да се пофали со совршена фигура, таа нема проблем да позира и без шминка.
Позната манекенка и модел Кристина Димитриевска на Инстаграм сподели кратко видео на кое таа позира без трошка шминка, а нејзината коса е сјајна, а таа изгледа совршено.
Кристина важи за девојка која ги следи светските трендови, па често менува фризури, и речиси секогаш изгледа преубаво, дали е тоа во спортско издание или дотерана за некој настан или забава.
Овојпат Кристина на преубавата кафена коса направи светли прамени кои одлично и прилегаат.
Познато е дека таа е ултра згодна манекенка, инфлуенсерка и пејачка, но и фитнес инструкторка и ретко мирува.
Неодамна во едноделен костим за капење таа заедно со својот син Давид се разладуваше покрај базенот, но имаше и еден куп емоции и прегратки.
„Најголемата животна желба ја држам за рака“ напиша Кристина покрај објавената фотографија на која го прегрнува синот и го држи за рака.
Освен фотографиите со синот таа објави и неколку фотографии сама на кои ја истакна својата фигура која во последно време ја доведе до совршенство.
Ниту една нејзина објава не останува незабележана, а така беше и случај кога таа позираше покрај базен.
Имено Кристина зазема жешки пози, а фановите во коментари и пишуваа само комплименти, па и порачаа дека „гори“.
Кристина беше во брак со пејачот Даниел Кајмаковски, победникот на“ Х-фактор“ и поранешен македонски евровизиски претставник, а се венчаа во 2016 година, но по неколку години брак во 2019 решија да се разведат, бидејќи како што тогаш објави Даниел, двајцата решиле така.
Давид на почетокот на годинава наполни 4 години, а сега Кристина покажа дека тој пораснал.
„Од кого знам за тебе, постојам … само јас и мило мое. Од првиот момент, па засекогаш!“ напиша Кристина на фотографијата на која позира заедно со својот син на неговиот роденден.
Облечена во бел фустан со пердуви Димитриевска изгледаше совршено, како бел лебед!
За Кристина Димитриевска е познато дека обожава само скапи брендови, па во една прилика се пофали со чантичка за каква многу девојки може само да сонуваат.
Во прашање е модел од познатиот бренд кој на интернет може да се најде со цена од околу 2830 долари. Чантата е украсена со препознатливото лого на брендот и има златен синџир, а на интернет и во продавниците на познатиот бренд може да се најде со детаљ во црвена и црна варијанти.
Фото: :Инстаграм/ Кристина Димитриевска
Фото: :Инстаграм/ Кристина Димитриевска