Кристина Димитри за таткото на својот син: „Детето се прашува зошто мојот татко е таков“
Познатата македонска пејачка повторно „удри“ по таткото на својот син.
Кристина кажа тешки зборови за поранешниот сопруг.
Некогашната манекенка, а денес успешна пејачка, Кристина Димитриевска, неколку години беше во брак со пејачот Даниел Кајмакоски.
ФОТО: Архива
Во екот на својата популарност, Даниел се ожени со Кристина и го добија синот Давид.
Но, нивната љубов траеше само неколку години и тие се разведоа.
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитриевска
Кристина иако беше успешна како манекенка, одлучи да започне и музичка кариера и стана навистина успешна.
Иако е кратко време на сцената, може да се пофали со кариера каква посакува секој пејач.
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитриевска
По разводот таа никогаш не го „штедеше“ Даниел и отворено зборуваше каков татко е, односно дека воопшто не се грижи за нивниот син.
Даниел во меѓувреме доби уште еден син со втората сопруга.
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
Кристина за медиумите изјави дека нејзиниот син Давид нема брат, ниту полубрат и дека за фамилија ги смета само луѓето со кои расте.
Во интервју за естрадниот мгазин Бекстејџ, Кристина повторно „распали“ за Даниел и за тоа каков татко е.
ФОТО: Принсткрин
„Ако не си го сакаш првото, не можеш да си го сакаш второто и мислам дека живее живот за нешто да ми докажува мене, што мене ми е навистина тажно, затоа што едното дете секогаш ќе се прашува зошто, зошто мојот татко е таков.
Јас откако го знам доживував само лоши работи и сплетки, но мислам дека никој не може да биде толку моќен да ти наштети, колку Господ ти ги отвора вратите ако си праведен“, кажа Кристина.