Реклама
CelebrityНовости

Кралицата на Меган и забрани да го носи накитот од Лејди Ди?

Реклама

Откако Меган Маркл пристигна во кралското семејство, јавноста постојано шпекулира за тоа која од жените на внуците на кралицата Елизабета е нејзина миленичка.

И речиси секогаш сме биле во можност да прочитаме дека Кејт Мидлтон ја сака, но исто и Меган Маркл, но се чини дека нејзината конечна одлука даде јасен одговор на ова прашање.

Маркетинг

Имено, близок извор до кралското семејство до еден британски таблоид откри дека, кралицата и забранила на Меган да го носи накитот на покојната принцеза Дијана, додека Кејт сé уште смее. Ја донесе својата одлука бидејќи воопшто не била импресионирана од однесувањето на Меган, пишува таблоидот.

Изворот, исто така, вели дека со потезите кои Меган ги прави покажуваат дека не се грижи за нејзиното однесување уште пред свдбата со Хари.

Маркетинг

Проблемот, наводно, избувнал откако Меган побара да се направи круна со смарагди, која била отфрлена поради непознатото потекло од скапоцените камења, а потоа кралицата се вмешала и таа одлучила каква ќе биде нејзината круна.

Жално е што принцот Хари, кој, наводно, се обидел да се соочи со кралицата со изјавата: „Она што Меган го сака тоа и го добива”, а изворот наведува дека ова дополнително ја револтирало кралицата.

Меган честопати го носела накитот од Дијана и тоа најчесто за специјални пригоди, вклучувајќи го и прстенот со аквамарин што го носеше на нејзиниот свадбен прием, но се чини дека сега во тоа ќе може да ужива само Кејт.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button