Нова атракција на Инстаграм е Амбер Лук (24) која привлече големо внимание поради многуте тетоважи.
Речиси секој дел од нејзиното тело е покриено со мастило, а од оваа причина ја следат 124 000 луѓе на социјалната мрежа. „Сакам да бидам целосно покриена со тетоважи додека наполнам 25 години“, вели Амбер, која започнала да се тетовира на 14 години.
„Кога наполнив 16 години, сфатив дека тетовирањето е начин преку кој можам да ја извлечам целата негативна енергија од мене“, рече таа. Амбер отиде дотаму што ги истетовира образите, ушите, очните капаци, челото. Таа се нарече себеси „Сини очи, бел змеј“ затоа што ја има обоено својата белката во окото во сина боја.
– Постапката траеше 40 минути. Беше многу интензивно и болно. Очите ми беа отворени цело време додека инјектирав боја со инјекција. Четири инјекции на око. Бев слепа три недели “, објасни во една прилика Амбер.
Фото: Инстаграм