Која е мистериозната дама што му го украде срцето на наследникот на Ѓорге Иванов и му роди дете
Еве што прави наследникот на поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов

Многумина би сакале да знаат нешто повеќе за животот на единствениот син на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.
Станува збор за младо и згодно момче кое ги освои сите како со својот шарм, така и со својот интелект.
Иван има завршено политички науки на Првниот факултет во Скопје и работи како професор на Меѓународниот балкански универзитет.
И Иван како и неговиот татко е голем вљубеник во музиката, но е и извонреден поет, а во последно време е активен и на социјалните мрежи каде често ги споделува своите политички ставови.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Тој пред неколку години „заплови“ во брачните води, па тогаш многумина се интересираа и за неговата избраничка со која е во брак.
Потсетуваме, наследникот на Ѓорге и Маја Иванови, Иван, е во среќен брак со убавата Јана со која минатата година се остварија во улога на родители, а меѓу првите среќната вест ја објави таткото на Јана, Атанас Кочов. Синот на поранешниот претстедател и неговата сакана се свршија во октомври 2021, а следната година во февруари месец направија интимна прослава на која беа само најблиските.
Фото: Фејсбук/ Иван Иванов
Тогаш впрочем беше и моментот кога Иван на својот профил на социјалните мрежи објави неколку фотки од саканата.
Фото: Инстаграм/ Иван Иванов
Од фотографиите може да се види како Јана изгледаше и како невеста, во нетипична венчаница во која блескаше.
Имено, таа снаата на поранешниот претседател за оваа пригода носеше фустан во розова нијанса, а уште тогаш се шушкаше дека е во блажена состојба и дека наскоро треба да се породи.
Фото: Инстаграм/ Иван Иванов
По неколку месеци се роди и внукот на поранешниот претседател кој Иван и Јана решија да го крстат по дедо му, Ѓорѓе.
Фото: Инстаграм/ Иван Иванов
Иван, првата фотографија од својот наследник ја објави на празникот 8 Септември, Денот на независноста на Македонија.
„Знае сводот вечен, знае сиот свет…“ напиша Иван тогаш под фотографијата на која се гледа како го држи својот син во рацете и двајцата свртени кон споменикот на најголемиот македонски јунак, Гоце Делчев.
Во продолжение прочитајте и една песна што ја сподели тој неодамна на својот профил на социјалните мрежи.
Кој е наследникот на Ѓорге Иванов?
Иван е универзитетски професор, поет и музичар, а својата прва збирка поезија „Невино време“ ја промовираше во 2021 година.
Како млад имаше долга коса и свиреше на гитара, а потоа го промени имиџот и сега има модерен и елегантен стил.
Неговите објави на социјалните мрежи привлекуваат внимание, а се шушкаше и дека планира да влезе во политиката.
Инаку, Иван моментално ужива и во улогата на татко, за што зборува и оваа негова фотографија со која ги освои сите.

Поранешниот претседател има со што да се гордее, нели?