Која е Македонката што победи во „Ѕвездите на Гранд“? Неверојатно воспитана млада дама, сите ја сакаат!
„Таа е неверојатно воспитано суштество, јас вакво нешто не сум сретнал во 21 век“
Пејачката од Македонија што триумфираше во „Ѕвездите на Гранд“ пред неколку години се натпреваруваше во уште едно популарно музичко шоу.
Во прашање е емисијата „Некои нови клинци“ со која што таа пред шест години ја започна својата музичка кариера.
Славица оваа сезона беше најголемо изненадување во шоуто бидејќи до самиот крај ситуацијата беше неизвесна.
На самиот крај Славица триумфираше со 88.367 гласови со што ја освои статуата, автомобил Фиат Типо, песна, спот и комплетен маркетинг.
„Им се заблагодарувам на сите што гласаа за мене. Големо благодарам за мојот ментор Ѓорѓе Давид кој несебично се залагаше за сите нас. Искрено сум фрапирана, изјави победничката откако и ја врачија статуата.
Покрај младата пејачка среќата не можеше да ја сокрие и нејзиниот ментор кој прв пат триумфираше во ова шоу.
„Неверојатно воспитано суштество, јас не верувам дека сум сретнал нешто вакво во 21 век. Таа е воспитана според каноните на крајот на 18 и почетокот на 19 век. Но успеав на еден перфиден начин, под наводници, да ја изведам ваква каде покажа дека е сериозна лавица“, изјави нејзиниот ментор за победничката.
Инаку, Славица во финалето беше облечена како легендарната Одри Хепберн во култниот филм „Појадокот кај Тифани“.
Таа блескаше во тесниот мал црн фустан што го носеше со впечатлив накит и црни ракавици, а целото издание го заокружи со преубава фризура.
Како Славица изгледаше во финалето и нејзиното прво интервју по победата погледнете во продолжение:
Инаку, малкумина знаат дека Славица настапи на концертот на Јелена Томашевиќ во нејзиниот роден град.
На социјалните мрежи можат да се видат и слики од нејзината мајка, која и беше најголема поддршка во шоуто.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд, Сител
Инстаграм/ Славица Ангелова
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд, Сител
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд, Пинк
Инстаграм/ Славица Ангелова