Реклама
Интервју

КОЈ ПО МЕНЕ СО ТЕСЛА, ЈАС ПО НЕГО СО ЛОПАТА: Највпечатливиот македонски новинар за стилот на облекување дозволува да го критикуваат само…

Брендирана облека ниту сакам ниту имам пари за тоа, вели Сабриоски за Гламур.мк

Реклама

Тој е дефинитивно највпечатлиовиот новинар во Македонија. Сунаи Сабриоски е новинар во Телевизија 24. Кој покрај тоа што е успешен во својата професија, за јавноста стана препознатлив и по тоа што има навистина специфичен стил на облекување.

Приватнта архива

Постојат луѓе кои во приватноста се облекуваат многу откачено, слободно, но на работните места стилот го адаптираат според некој калсичен шаблон. Е нашиот соговорник не е таков, тој храбро го задржува сопствениот стил  и во своите работни услови, па така не ретко како репортер  кој се јавува за вести ќе го видите како се вклучува дотеран од глава до пети со уникатни парчиња на себе. Посебен, поинаков, единствен…

Приватнта архива

Шеширот  е негов заштитен знак, речиси секогаш го има на себе. Вели дека шеширот е неговото алтер его и дека преку оваа гламурозна шапка можете да го препознаете неговото расположение.

Маркетинг

А кога не го носи?

– Ако не е го носам тоа значи дека другиот во мене одмара,  кога шеширот е на глава тогаш тоа сум јас. Како велат, начинот на облекување го дефинира и самиот човек и неговиот начин на однесување и делување, вели  Сунаи за Гламур.мк.

Приватна архива

Од кога шеширот е ваш „задолжителен“ моден додаток?

-Многу одамна шеширот е дел од мене, се сеќавам дека меѓу првите шешири кои сум ги добил беше во Берлин на младинска размена мојот драг пријател Мерџан Јакупов ми подари еден шешир и од тогаш само продолжив да си ја исполнувам пасијата кон шеширите. Секој шешир би рекол дека си има своја приказна, многу од шеширите сум ги купил чисто за да ги имам но никогаш не сум ги носел. Шеширите, чорапите и вратоврските се работи на кои навистина обрнувам внимание. Денот ми почнува со изборот на чорапи ако чорапите се колоринтни со принтови тогаш и денот е таков, ако чорапите се една боја тогаш денот е монотон и досаден. Во текот на созревањето како личност се пронајдов себеси, што е она во што јас уживам и во што се чувствувам свој на своето.

Маркетинг
Приватна архива

Од кога се појавува вашата љубов за мода, потребата од уникатност ?

– Мислам дека во оној момент кога ја добив „Сингер“ машината, од тогаш почна сè ! Имав визија дека ќе завршам студии кои ја третираат високата мода, почнав на големо да истражувам околу студиите,  се некако живеев во тој период дека ќе студирам во Милано. Пресврт од 360 степени, животото е лекција, подеми и падови, склоп на околности, финансиите беа најголема пречка, но не се откажав.

Приватна архива

Дали следите модни настани, ревии?

Да, следев порано, бев инспириран од Галиано, Александар Меквин, Диор, Долче и Габана, Коко Шанел и неповтоливата и единствена Вивиен Вествуд, никогаш ништо не пропуштав. Едно од омилените шоуа ми беше „Project Runaway“ на Хајди Клум.

Приватна архива

Дали понекогаш добивате лоши коментари , дофрлувања… за тоа што  сте облечени специфично?

– Ќе ве излажам ако ви кажам НЕ! Пред да продолжам би кажал само дека никогаш, ама никогаш не дозволувам да допрат таквите коментари до мене бидејќи сум доволно свесен за тоа што сум и што правам.

Знам дека на моменти мојот начин привлекува внимание, а кај некого го буди „демонот“ и се впуштаат во „акција“ со коментари кои пак не допираат до мене. Не допираат до мене бидејќи сè што правам не е тоа за да му се допадне на некого или некому, никогаш, ама никогаш не гледам некого да воодушевам, а и немам таква потреба.

Секој треба да го прави она што го исполнува и што го прави среќен, нагласува Сабриоски.

Приватна архива

Како реагирате на критиките?

Интересен феномен како некои луѓе си земаат за право да нарушат нечии живот. Кога сум во прашање  јас и критики упатени кон мене јавноста е таа која што возвраќа со дупла доза. Тоа е најскапоценото нешто што може да го поседува еден човек, најскапа и непроценлива работа е да ја имаш јавноста зад себе да застане и да те одбрани, а за да се стигне до таа јавноста треба навистина да се работи со чисто срце и разум. Јас сум неизмерно благодарен на јавноста која ја цени и вреднува мојата работа. Често велам дека не треба да ја потценуваме јавноста само затоа што сме на некои позиции. Одвратно е за слушање кога ќе кажат ОБИЧНИОТ НАРОД како да ние што сме дел од јавнмоста сме некоја класа во хиерархија па сите други се ОБИЧНИ, дегутантно е тоа кога ќе се слушне!

Приватна архива

Критики прифаќам исклучиво само ако се од луѓе кои зад себе имаат беграунд.

Кога се забегува со некоја критика знам да вратам со поголема мера и тука се вклучува она непишано правило кај мене дека кој по мене со тесла ја по него со лопата.

Критики за начин на облекување може да дава кај нас Дадар, Варошлија, Зоки Фаци, Цаци Паковска и луѓе од овој калибар ова другото што се впушта во акција може слободно да скија на Попова Шапка.

Приватнта архива

Дали имате омилен бренд, дали сакате да сте облечени во марка или … Каде ја наоѓате облеката што ви е по мерак?

Никако! Брендирана облека ниту сакам ниту имам пари за тоа. Ако начинот на облекување ви е забетониран само во скапи брендови тогаш може и да се навлезе во невкус, тоа може во консултација со добри стилисти никако да не с еправи на своја рака бидејќи во трката пои брендот се стигнува и до невкус. Стара чаршија се уште сметам дека е најскапоценото место во градот каде што може да се најде се што душа ти сака.

Приватна архива

Кој е вашиот најспецифичен изглед досега, на нешто што и вие самите се чудите колку сте биле храбри да го облечете?

Искрено, не би можел да одвојам нешто такво. Веројатно тоа е костумот за матурската вечер. :)

Приватна архива

Кој е според вас најстокмен политичар/ка од Македонија?

Снежана Георгиевска, сопругата на Љупчо Георгиевски, мислам дека таа жена никој до сега не ја надминал со стилот, а во таа линија е и професорката Татјана Петрушевска – ненадминливи, авангардни, екстравагантнтни, автентични со сопствен идентитет. Нека не ми замри но мислам дека се викаше Елена, беше асистентка на професорот Фрчковски и кај нас студентите на Правен факултет важеше за македонската Анџелина Џоли. Секако тука се, Радмила Шеќеринска, Сања Лукаревска, Оливера Трајковска, Марија Митева, Софија Куновска, Билјана Ивановска, Весна Бендевска, Ане Лашкоска. Од мажите тоа што може да се примети е класиката на претседателот на државата Стево Пендаровски а тоа се забележува по строгите вратоврски кои секогаш се, веројатно, со стил избрани, а тука е секогаш и неговата сопруга која во начинот на облекување делува како и Кејт Мидлтон. Не можам а да не го псомнам и професорот Марко Кртолица кој со својата сопруга изгледаат како од филмско сценарио на Холивуд.

Приватна архива

Дали вашата уникатност во облекување влиаје на вашата професија?

Би рекол дека да стилот си го прави своето и има влијание тоа често ми го кажуваат искрените граѓани со кои се сречаваме на улица, во маркет, на пзар, во автобус и слично и тука се најискрените критики и пофалби, често забележуваат дека им е драго кога ќе ме забележат на екран.

Приватна архива

Како станавте новинар?

Не случајно сум влегов во новинарската професија, одсекогаш сум бил некако близок со оваа професија. Клучот е во рацете на моите наставници од основно обравование тие се најголемите виновници за тоа што сум денес. Многу пати сум ги спомнал и нема да престанам да ги споменувам Зора Ацеска, Изабела Узуноска, Славе Маркоски, вера Качакова и многу други наставници на кои им должам многу бидејќи ми помогнаа да си го трасирам патот преку образованието да ја сфатам важноста и моќта на книгата.

Приватнта архива

На која ваша новинарска приказна сте најповеќе горд?

Секоја новинарски производ кој е во контекст на животната средина, планирање на просторот, урбанизмот, архитектурата се работени со голем ентузијазам за некакви промени, кога се во прашање овие области знам да се дадам максимум, целосно, да се посветам и никогаш не ми е криво што сум пшотрошил време на тие теми кои живот значат за нас пред се како граѓани. Можете да имате милиони а да ви бидат џабе ако не ви е средена животната средина бидејќи таа може да ве тресне од земја и да не можете да се опоравите ако не и покажете грижа. Просторот, ако не е добро уреден може да се изгубите во истиот и да ја почувствувате нелагодноста од бетонот, урбанизмот и архитектурата не е естетика па да гледаме на тоа дали ни се допаѓа или не тоа се клучни и витални области кои може да бидат одлика на самиот човек па и општеството.

Приватнта архива

Секако, приказните поврзани со нечии животи кои висат на конец не ми се драги но сум подготвен да влезам во „војна“ со крераторите на политиките и тука нема пардон.

Не може да дозволуваме некој таму да си игра со нечии животи и ние како новинари да известуваме дека починало некое лице чекајќи лек и тоа да се заборави за три дена.

Приватнта архива

Кое е вашето омилено место за излегување?

Променливи ми се местата едно време тоа беше „Малешевски мерак“ и „Гама“ сега некако „Блок“ кафе е местото каде гледам да го започна утрото со кафе бидејќи самиот амбиент но и луѓето кои работата таму го прават тоа место пријатно за да потрошите дел од вашето време.

Приватнта архива

Што ве прави среќен?

Уфф прашање од билион. Ситници ме прават среќен, ете на пример кога во кафиќ не треба да кажам што сакам ама веќе е донесено на маса, кога нечија насмевка ќе биде упатена, некој разговор со луѓе сосема случајно на улица или во маркет со вработените. Навистина многу мали нешта ме прават среќен. Среќен сум ако сум помогнал некому со мојата работа, кога велам некому не мислам на политичарите бидејќи нив не може човек да им помогне, но на граѓаните и тоа како може да им с епомогне и тоа е нешто што ме исполнува. Некни направивме сообраќајка, не слупа кола, за момент помислив дека вратот отиде, колегата ме погледна и ме праа дали сум добар му реков да и само без расправии, ете нито не ни фали се си е на место  среќен што се си е на место.

Кое вашето омилено јадење и омилен пијалок?

Толчени пиперки со компири и лук, брокули и вода. :)

Дали готвите?

Јас сум цар во сопствената кујна, грав, леќа, ѓувеч, мусака, грашок, боранија, манџа, пудинг со бисквити, зелка, значи се убивам кога готвам и гледам да избегнувам брза храна, но дефинитивно пиперките на било кој начин с енајубавото јадење.

Приватнта архива

Дали имате домашно милениче?

Немам, а сакам. Сакам Кокер Шпаниел или јапонска пудлица или бездомно куче. Но само сакам, не можам да си дозволам бидејќи сметам дека навистина е безобразно и крајно идиотски да земеш некое животно да ти биде милениче и по извесен период да го занемариш или го пуштитш на улица.

Кој ви е омилен филм?

„Малена“, „Чикако“, „Бунтовник без причина“, „Животот е убав“, „Фантомот од операта“и многу други.

Приватна архива

Каква музика слушате?

Слушам се од музика, никогаш не с еограничувам. Во зависност од расположение менувам жанрови. Ултимејт ми се Red hot chili peppers, Joss Stone и Amy Winehouse. Но во принцип слушам се од турбо фолк до хард рок и поп. Rehab на Winehouse мислам дека како да е пишувано за многу од нас и секако Back to black. Искрено е жално што исчезна продукцијата на Томато и М2 таа музика се уште живее, тука се ДНК, Елена Ристеска, Тамара Тодевска, 4play, Ламбе, Врчак, Јованов Јованов, Елвир Мекиќ, Маја Саздановска, Туна, Адријан Гаџа, Ерзана, Врџак, Каролина Гочева, Калиопи и мнооогу други! Искрено не се замарам со тоа то ќе кажат другите, ако во моментот некоја песна на Шабан Бајрамовиќ, Есма, Анета и Молика, Алегро бенд, Цеца или Аца лукас  ми ја радува душата за дрогото не се замарам. Важно е да музиката ти причинува задоволство, што би рекла Дани Димитровска во една своја песна  Не живеам за другите!

Приватна архива

Доколку не бевте новинар ќе бевте…

-Веројатно актер или дизајнер. :)

Дали читате Гламур.мк?Која ви е омилена рубрика ?

Кога барам да не е поврзано со дневна партиска политика Гламур.мк е еден од сајтовите кои ги посетувам и кога тоа го правам листам се што ќе ми привлече внимание. И добро е што постоите!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button