Вести

Кој не го исчисти изметот на миленикот ќе мора да плати казна од 100 евра!

Advertisement

Доколку не исчистите по вашето домашно милениче во Пула (Хрватска), ќе бидете казнети со 100 евра, а за напуштање животни ќе треба да платите 50.

Ова е најновата одлука на Градскиот совет на овој град со која се уредуваат минималните услови и начинот на чување на домашните миленици кои нивните сопственици мора да ги обезбедат, начинот на контрола на нивното размножување, постапувањето со напуштените и изгубените животни, како и начинот на постапување со диви животни пронајдени во градското подрачје.

Advertisement

По јавна консултација, Пула не ги прифати предлозите како што се санкционирање на сопствениците на кучиња за нивното лаење, воведување данок на сопственост на овие животни, задолжително кастрација и чипување на мачките, како и предлози за пропишување на начинот на работа на засолништата за животни, воведување целосна забрана за поводнување на кучиња, дефинирање и наведување на опасните животни

На донесувањето на оваа одлука, како што рече надлежната градоначалничка Ивана Соколов, претходела консултација со заинтересираната јавност при што биле пристигнати 83 предлози од граѓани, здруженија или политички партии, од кои речиси половина биле целосно или делумно прифатени.

Популарниот парк за кучиња во Монтреал го забрани лаењето на кучињата, а сопствениците би можеле да бидат казнети и до 2.000 канадски долари (1.375 евра) за прекршокот.

Локалните жители биле шокирани кога виделе знак на паркот за кучиња на раскрсницата на булеварот Жан Талон и Прованшер во населбата Сен Леонард во Монтреал кој ги известува дека нивните миленици не смеат да лаат. А ако го сторат тоа, казната е помеѓу 500 и 2000 канадски долари.

„Премногу е, навистина е премногу. Знам дека лаењето на кучињата ги плаши некои луѓе, но не е фер“, изјавила сопственичката на кучето Мелани Ричер за CTV News.

Портпаролот на општината Сен Леонард вели дека тие го презеле овој чекор за да ги намалат непријатностите што ги доживуваат луѓето што живеат во населбата каде што се наоѓа паркот за кучиња.

Минатата година, Градскиот совет на Атланта донесе нова уредба со која сопствениците на домашни миленици ќе ги казни со 150 долари (139 евра) доколку нивното куче лае повеќе од 10 минути.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button